Градници

Show Filters
Филтери

4 парчиња

Постави опаѓачки редослед
На страна
Градници

Градникот е долна облека првенствено наменета за поддршка и заштита на градите. Но, градниците се осмислени и за други различни намени, па така со нив можете визуелно да ги зголемите или да ги намалите градите, да обликувате завидно деколте, да оставите впечаток дека под фустанот не носите ништо, да се погрижат за олабавување... А градниците за доење се осмислени како помош за полесно доење.

Постојат многу видови градници, па останува на вас да го изберете оној кој најдобро ви прилега. Дали ќе се одлучите за градник со жица или без, со прошиени или пенести корпи, тантела или класичен изглед, природни материјали... Или потребен ви е секси градник за романтичен крај на седмицата која планирате да ja минете со партнерот?

Одлуката е ваша!

ПЕТ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ИЗБЕРЕ ВИСТИНСКИ ГРАДНИК

Ако градникот е преголем, премал или едноставно не ви одговара, ќе имате непријатно чувство при носењето. Имајте ги предвид советите што ви ги предлагаме и изберете идеален градник за себе, без оглед на вашата величина.

1. Проверете ја својата величина

Величината на градникот може да се менува од година во година, па затоа не е на одмет да се провери дали од вашето последно мерење нешто се променило. На величината на градите може да влијае и промената на тежината, бременоста и доењето. Со помош на метро измерете две подрачја: градниот опсег (А) и опсегот под гради (Б).

За помош и прецизно мерење можете да ја замолите и продавачката во продавницата.

2. Имајте при рака потенка маичка

Така веднаш ќе видите како изгледа градникот под тенка облека.

3. Тестирајте

Облечете го градникот и нежно наместете ги градите. Проверете дали поддршката е на место и дали градите се убаво сместени во корпите.. Според потреба наместете ги прерамките и погледнете се во огледало како ви прилега задниот дел.

Лентата за закопчување не смее да вреже како набор на грбот. Ако градникот е добро избран, не треба да биде тесно закопчан. Градите мора да бидат убаво сместени во корпите и лентата за закопчување не смее да ве измачува.

Кога ќе го облечете градникот, замавнете со рацете горе и долу, лево и десно. Благо наведнете се и рацете нека ви останат олабавени покрај телото.

Потоа полека исправете се. Дали градникот и градите останаа на свое место? Да? Одлично, го избравте вистинскиот градник за себе!

4. Проверете уште детали

Детали кои при купување на долна облека се многу важни:

  • Градите не смеат да „претекуваат“ надвор од корпите (премали корпи).
  • Градите во градникот не смеат да имаат повеќе простор (преголеми корпи).
  • Корпите не смеат да се набираат, деколтето не смее да биде преполовенo или стегнато.
  • Прерамките и лентите за закопчување одзади не смеат да се врежат во кожата. Исто така, прерамките не смеат да се лизгаат надолу, а лентата на грбот да се подигнува нагоре.
  • Се препорачува градникот да се закопчува одзади на второто или на третото копченце. Ако можете да го закопчате само на последното, постои можност да ви е премал градникот.
  • Предниот дел од градникот –средината меѓу корпите- мора целосно да лежи на кожата.

5. Имајте повеќе од еден градник

По колку денови го менувате градникот? Споредете го со облеката, на пример со маичката. Колку пати неделно ја менувате? Во текот на летото веројатно секој ден, а преку зима можеби ја носите неколку дена подолго. И со градникот постапувајте еднакво.

Просечна жена во својата гардероба има 8 градници, а минималниот број што ви го препорачуваме е барем 3. Просечниот градник може да има век на траење и повеќе години, ако добро се грижите за него. Исплатливо е да инвестирате во два или три стила, зашто тоа значи дека во наредните месеци ќе имате доволно избор.

За вашата долна облека подолго време да изгледа убаво, придржувајте се до упатсвата на пришиената етикета.

Основни упатства за подобро одржување на градникот:

  • Долната облека, особено онаа со вшиена жица, по правило би требало да се пере рачно. Тоа значи дека градникот треба нежно да го протриете, најмногу внимание посветувајќи на пределот под корпите.
  • Кај моделите со пенести корпи важно е да не се туткаат премногу, да не се превиткуваат и растегнуваат, зашто со тоа им се деформира обликот. Важно е машината за перење да не биде преполна, зашто градникот може да го истутка тежината на останатите материјали. Користете вреќичка за перење и перете на температура до 30 степени Целзиусови, заедно со облека во иста боја. Доколку заедно перете повеќе градници одеднаш, наредете ги еден врз друг.
  • Кога ќе го исперете градникот, израмнете ги корпите за да го добијат првобитниот облик, пред да го оставите да се суши. Најдобро е да го сушите на воздух и да не биде непосредно изложен на сонце.

КРАТОК ВОДИЧ ЗА РАЗЛИКА МЕЃУ ГРАДНИЦИТЕ

  • Со жица: во корпите под градите вшиена е еластична жица, обликувана така за да ги поддржува градите.
  • Без жица: соодветен е за жени кои го поддржуваат природниот облик на градите и поддршката од жица под нив им пречи.
  • Со пенести корпи: градникот има пенести корпи кои гарантираат дека брадавиците нема да се гледаат преку облеката. Исто така, на градите им обезбедуваат убав облик и добра поддршка, но обликуваат и убаво деколте.
  • Пушап: градник со силно поставени корпи, кои можат да бидат со различни облици, со жица или беа неа, соодветен за помали гради зашто визуелно ги зголемува и ги обликува во прекрасно деколте.
  • Балконет: одличен избор на градник кога сакате да носите длабоко деколтирана облека, зашто често има прерамки кои можат да се извадат – тогаш е соодветен за носење под облека со отворени раменици, кога е пожелно прерамките да не се гледаат.
  • Бралет: поедноставна и помека варијанта на градник без жица. Корпите се продолжени во триаголник. Најмногу е соодветен за жени со помали гради, каде не е потребна голема поддршка, а сакаат да изгледаат модерно и воедно обожаваат удобност.
  • Триаголник: лесен градник со корпи во форма на триаголник, најчесто без жица. Соодветен е за помали гради.
  • High neck (висок врат): модерен градник кој досегнува високо под вратот. Можете да го носите како топ или како кратка поткошула.
  • Боди: градник, поткошула и гаќички во едно. Бодито е направено од полесен, прилагодлив материјал и главно се закопчува меѓу нозете.
  • Бодилајнер: корективен модел за обликување на телото, направен од поцврсти материјали за телото да биде стегнато и обликувано, особено соодветен под припиена облека зашто ги израмнува телесните набори.
  • Бустје/торзалет: градник кој под градите е продолжен со модерни, функционални детали, досегнува неколку сантиметри пониско, понекогаш може и до папокот. Кога бустјето е поврзано со халтер за чорапи, се нарекува торзалет. Обилно досега до средина на колковите и на долниот дел има вшиени држачи за чорапи, кои можат да се извадат.
  • Минимајзер: градник чијашто намена е визуелно намалување на градите и измазнет изглед на горната облека..
  • Спортски градник: за приврзанички на активно минување на слободното време. На градите им ја дава потребната поддршка во текот на спортските активности, а изработен е од брзосушечки материјал, кој при движење добро ја впива влагата и брзо се суши.

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.