Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
22.5.2017

Брановидна разиграност

Температурите растат, водата полека се загрева, најхрабрите  весело се шлапкаат во морето. Со Тина остануваме на умереното сонце.Уживаме во нежните прегратки на топлите попладневни зраци.Така се пријатни,прави летни. Нашето излежување го наруши доаѓањето на нејзините пријатели.

 

»Во вода!« едногласно извикаа.

 

Одеднаш не опкружија и не дигнаа во воздух.Неее,не,не,не. Тина со смеење се оттргнуваше,но залудно.Се поблиску и поблиску бевме до водата,а на смеењето му немаше крај.Во мислите психички се подготвувам за драстичната промена на температурата.

 

Bando градник со пенесто обликувани корпи, без жица Fruity - Cheek by Lisca

 

»Aaaaaaaaa!« Извикна таа.Се сложувам,ова беше вистински ладен туш.

 

»Бен!Само подгответе се,сега еден по еден ќе ја осетите освежувачката моќ на водата!«

 

Дојде до најблиската пријателка,ја зграби за рака и заедно истрчаа во вода до колена. Целото друштво им се придружи и за неколку минути сите бевме мокри. Каде сите Турци, тука и малиот Мујо. Еден по еден весело паѓавме во вода. Освежувачки. Тина направи уште неколку потези, потоа се врати на пешкирот.

 

Ммм, годи многу,така што на сонцето денес можам да му ја покажам и мојата друга страна.И друга,добро слушаш. Оваа со ананасите. Сега веќе знаеш кој сум јас – и како изгледам. Така е, сестран горен дел костим за капење, бандо градник Fruity, кој заедно со такви исти гаќички ќе се погрижи за четири различни комбинации!Супер,зарем не? А на видливите траги од купачи можеш да заборавиш затоа што модерниот бандо градник е без врвци.