Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
04.7.2017

Потполно откачивме

Одиме на море. Конечно целото друштво е повторно заедно. Сите стари лисици: сончевите очила, сламениот шешир, заштитната крема и мојата маленкост, гаќички и градник Bahami.. Во лето сме во елемент. Се расфрламе на сите страни, заштитуваме и се грижиме за незаборавен одмор. Посебно јас. Како градник јас сум од клучно значење, како поддршка и играм главна улога за обликувањето на фигурата. Моника за тоа е многу свесна бидејќи ја следам во секој чекор. И така денес со друштвото на суперхерои (овој пат се нeшто молчеливи) се упативме кон водата.


Не знам кој меѓу нас е повеќе воодушевен од летното лешкарење и освежителните бранови меѓу кои под сончевите зраци уште повеќе блескаме. Пријатното ветре во сенката од дрвјата нежно не носи во сон. Мирис на бор и цвркотење на птиците се вистинските нешта заради кои летото е незаборавно.

Мир и тишина. Само во далечината се слуша детската смеа која е пријатно надополнета со морската песна. Одморот само повремено го нарушуваат скоковите и опуштеното потопување во вода. Овој пат малку ревносно ја прифатив работата, но како вистински снагатор всушност и не претерав. Со модерен крој со push up ефект и мек свиленкаст допир заводливо го нагласувам деколтето истовремено нудам потполна удобност. Со леснотија.

Така Моника на плажа изгледа како вистинска дива. Не е ни чудо што од цело друштво мене најмногу ме сака. Добро, ќе го пофали и долниот дел на костимот. Како велат...кажи ми со кого се дружиш, ќе ти кажам кој си. А ние двајца сме најдобар пар.