Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
24.1.2017

Lisca во Парискиот свет на чипка

Зимата не се ни прости од нас, но светот на модата веќе мисли на идната сезона. Што ќе биде во тренд истражувавме на саемот во Франција.

Во Париз од 21-23 Јануари 2017 се одржа еден од најголемите саеми на долна облека Salon International de la Lingerie, на кој своите тренди парчиња од колекцијата есен-зима во 2017 ги претстави и словенечкиот бренд Lisca. Во еден прекрасен изложбен простор, кој се забележува уште на влегување, беше изложена долната облека Lisca и Cheek by Lisca за овогодинешната сезона есен-зима. Заводлива транспарентност, романтична чипка и модерни бои сигурно ќе ве восхитуваат следната сезона, а погледите на посетителите ги привлече и манекенката во заводлив комплет на долна облека наречена Queen Rose.


На саемот беа 480 брендови од 37 земји, кои ги претставија трендовите за следната сезона. Чипка, чипка и уште еднаш чипка, во различни комбинации ќе владее во претстојната сезона. Во комбинација со мрежеста  ткаенина и тул, во следната сезона сигурно ќе ја истакне вашата женственост. А покрај заводливоста секоја година се повеќе и повеќе во првите редови доаѓа активниот животен стил, на кој голем акцент беше даден и во Париз.


Саемската манифестација ја дополнија и голем број на модни ревии, на кои беа прикажани најмодерните приказни поврзани со долната облека и loungwear за есен и зима. Како и секоја година, на модната ревија се престави и Lisca и ги воодушеви посетителите. Се представи во првата модна ревија наречена »Dualizam«. Настанот се степенувашево модните приказни - од небесната благородност, кога манекенките носеа бела чипкаста долна облека, а на нивните глави бели капи, па дури до пеколот кога меѓу последните ѓаволски излегувања беа и трите смели парчиња на долна облека Lisca Selection од серијата Lady Moon i Queen Rose во црна боја.

Подеднакво Lisca беше вклучена и  на специјалната  модна ревија The Selection, на која организаторите по сопствен избор, ги представуваат брендовите  и моделите за  кои тие сметаат дека токму тие се најмодерните.
За ревијата беше одбран чипкаст тиркизен градник  triangel bralette Cheek by Lisca - Beauty.


Врв на саемската манифестација во Париз e Trend Forum-от, на кој  стручните лица, секоја година ги вклучуваат одредени групи на сетови на долна облека за кои мислат дека се  гласници  на трендовите за претстојната сезона. И оваа година помеѓу носителите на трендовите (трендсетери) повторно се појави и Lisca со заводливата црвена долна облека Queen Rose, кој воодушеви со трендовскиот модел, со страствена црвена боја и прекрасен вез кој му дава   романтичен дух.