Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
03.10.2017

НОВ ПРОДАЖЕН САЛОН НА ЛИСЦА LISCA

НОВ ПРОДАЖЕН САЛОН НА ЛИСЦА LISCA

Преселбата на салонот на „Лисца“ во скопскиот Градски трговски центар е причина за  зголемена динамика во центарот на градот.. Иако „Лисца“ е бренд за кој вреди да се тргне во потрага и неговите верни почитувачи и редовни купувачи брзо ги откриваат локациите на продажните салони, отворањето на новиот простор на влезот во ГТЦ од страната на скопскиот плоштад, предизвика нескриено љубопитство дури и кај случајните минувачи.

Провокативната елеганција на моделите во излогот, како и модерно одмерениот дизајн на просторот, едноставно предизвикуваат да не се одмине и да се влезе во новиот салон на „Лисца“. На таквата елегантна „провокација“ не одолеаја ни ТВ-водителката, Билјана Дебарлиева и пејачката Зуица Лазова, кои посакаа среќа за сефтето на новиот салон на лисца, уште на работно-свеченото отворање, во средата на 4. октомври.

Притоа, и Билјана и Зуица  го изразија своето воодушевување од новата колекција на „Лисца“, а споделија и пријатни искуства од користењето на моделите на брендот, низ разни периоди од нивните животи.

Во овие неколку денови, новиот простор на „Лисца“ забележливо го освежува центарот на Скопје.


Ве покануваме да го посетите новиот продажен салон на Лисца кој располага со богат асортиман од колекцијата на долна облека и спален програм Lisca и Cheek by Lisca