Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
09.5.2016

Трендови за ова лето

Тиркизно море, сино небо, зајдисонце и егзотични палми. Игра на светлината, бои, прекрасни слики од нашата планета на костимите за капење од колекцијата пролет-лето 2016.


Костимите за капење Lisca Selection ова лето се обоени во енергична зелена и портокалова боја, како и во гламурозна црна и бела боја. Тренди и смели кроеви ја нагасуваат заводливоста на женското тело со смели изрези и набори со атрактивен принт на зебра. Софистицираните шари на удобните модели лесно ќе ги комбинирате со сензуални и транспарентни летни фустани и туники.


Како што се разликуваат женските тела исто така различни се и нашите вкусови. Некои сакаат минималистичка елеганција, други пак тежнеат кон невообичаени кроеви и енегрични детали, а за трети најважна е удобноста и функционалноста. Затоа колекцијата на костими за капење Lisca 2016 има за секого по нешто. Современо обликуваните серии ќе израдуваат со удобни, докажани модели кои можат да се носат на различни начини. Колекцијата на костими за капење Lisca носи повеќе модни додатоци со можност за mix&match комбинации со што добиваш совршена летна комбинација.