Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
01.10.2018

Новогодишно ветување во спортски стил!

Дали сте меѓу оние кои во новата  година одлучиле во целост да го променат својот животот и да направат нешто за своето здравје? Супер, добра одлука. Дел од здравиот начин на живот е секако движењето.Без разлика за каква спортска активност сте се одлучиле, најважно е да се погрижите за правилно држење и за време на движењето да се чувствувате добро.За добра потпора на градите и дишењето ќе се погрижи колекцијата Miss Sporty Cheek by Lisca.  На располагање се спортски градници,гаќички,хеланки и мајца. Откако  се обезбедивте со опрема ви требаат уште само две работи-почеток и упорност :)

За упорноста  е лесно да се зборува, но кога искушението доаѓа а ние посакуваме  да се откажеме, тогаш нашата упорност е најголемото искушение. Ние проверивме како во тие тешки момент издржува Ана Бучик и она што таа нe советуваше да бидеме поуспешни.
Ana
1. Многу жени за Нова Година како цел поставуваат поздрав начин на живот. Најчестата одлука е дека покрај здравата исхрана во секојдневната рутина ќе вклучат и дополнително движење. Ана, што би ги советувала девојките кои во новата година дојдоа со голем елан и желба за спорт?

Честитки за првиот чекор! За мене, спортот е дел од дневната рутина, но знам дека секој почеток е тежок. Точно е дека секој ден е добар за нови одлуки и почетоци, но новата година е посебна и вистинско време е да направиме нешто за себе. :) Значи, ако имате доволно желба и елан, половина од патот веќе сте го поминале. Секој од вас сигурно има свои причини да одлучи да започне да се занимава со спорт и да ги постигне своите цели. Сетете се на моментите кога ви е тешко. Може да го напишете вашиот главен мотив некаде и да го прочитате кога ќе треба да се откажете од некое колаче.


2.Што ти помага  во моментите кога посакуваш да останеш дома во кревет и да се излежуваш, а знаеш дека те чека тренинг?

Понекогаш ми е навистина тешко да станам од кревет и да одам на тренинг. Обично малку се тетеравам, но потоа земам длабок здив и си велам: "Ајде одиме Ана!" Се потсетувам зошто го правам ова што го правам, и се потсетувам дека тоа го сакам. Понекогаш помага и поддршката од колегите и тренерите, но не можете секогаш да сметате на тоа. Желбата  и упорноста треба да ги пронајдеме  во себе, бидејќи тоа го правите за себе. Првиот чекор е секогаш тежок, потоа е се полесно  и на крајот ќе бидете задоволни зошто сте станале од креветот.

Ana2
"MISS SPORTY" СПОРТСКА МАИЦА

"MISS SPORTY" СПОРТСКИ КАПРИ ХЕЛАНКИ

3. Најлесно е да се зборува, а  навистина е тешко да се започне. Што ќе ја советувате вашата најдобра пријателка, која не може да најде мотивацијата за првиот чекор?

Хмм ... Тоа не е лесно. Мислам дека е најдобро ако со новогодишното ветување се фатите во костец. Секој ден една може да биде таа што ќе поттикне друга да започне. Секој е различен и има потреба од друга мотивација. Мојата најголема мотивација е целта што ја имам пред мене и сакам да ја постигнам. Не мора да биде целна линија, понекогаш само цел што си поставив за одреден ден или тренинг. Секој ден си поставувам нови и попрецизни цели. Таквите мали цели понатаму не носат до посакуваниот резултат.

4. Што ти е најважно кај долната облека додека тренираш ?

Удобноста е на прво место. Не можам да тренирам на лоши скии или во чизмите што ме стегаат, ниту пак  во долна облека што не ми одговара. Тој мора да ми понуди поддршка, мора да се вклопи удобно на кожата, и мора да издржи помали и поголеми напори. И  плус е ако покрај сето ова изгледа убаво. :)

4. Професионален спортист како што си ти веројатно си се навикнала како на воздигнувањата така и на падовите. Повеќето жени кои нема да дојдат до целта  го губат  почетниот ентузијазам и тешко издржуваат. Кој е твојот совет, или  рецепт за упорност?

За жал, патот и резултатите не се само нагоре. Таков е спортот и таков е животот. Важно е да научите нешто од секој пораз. Често по падот, тешко е да се врати елан, но ова е дел од патувањето кога собираме искуства, за да можеме да бидеме посилни подоцна. Треба да бидеме свесни дека целта не се постигнува преку ноќ, па затоа мораме да истраеме дури и кога е најтешко. Ако дадеш се од себе, сигурно ќе бидеш среќна и задоволна на крајот.

Ana3
5. И за крај, дали ќе ни довериш некое од твоите новогодишни ветувања?

Немам многу од нив, бидејќи мојата најголема желба не е тајна :).
Во 2018 година, ќе се обидам  повеќе да уживам  во моментите кои се пред мене. Како на снег така и насекаде. Всушност, ова е и моето новогодишно ветување :).