Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
03.4.2018

ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ ВЕНЧАВКА?

Некои велат дека е најубавиот ден во животот. И веројатно најважниот пресврт во животот на секоја жена или  одлука вредна за внимание во твојот живот. Со лицето што ќе застане спроти тебе ќе живееш цел живот! Ако оваа изјава не ве исплаши, тогаш сте  подготвени и сигурно ќе се чувствувате добро. А ако сепак сте се почувствувале малку несигурни, можно е да сте малку изгубени во многуте работни обврски и одговорности кои ве чекаат за организацијата на вашата свадба од соништата.

Листата на најважните задачи сигурно знаеш да ги направиш  сама. Но, како во овој случај нема повторувања и можности за учење од сопствените грешки, ние сме сигурни дека ќе научите нешто од грешките на другите :)

Прочитајте што ве советуваат девојките кои го смениле нивниот статус во "среќно мажена":


NALOGE
1. ПОБЛИСКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ МОЖАТ ДА ВИ ПОМОГНАТ ЗА ВАЖНИТЕ РАБОТИ

"Имаше околу 120 гости на мојата венчавка, и тоа е голем број на луѓе кои треба да се пречекаат. Штета  што не задолжив еден човек што ќе се погрижи за нив. Некои доцнат, некои во меѓувреме некаде претрчале, постојано требаше да ги повторуваме   упатствата на целата група луѓе за да се движат во вистинската насока, а невестата треба да прави поважни работи ... "

(Барбара)
2. ДОГОВОР СО  DJ-ОТ

"За време на венчавката, му бев лут на DJ-от, бидејќи почна да свири музика за себе наместо за гостите. За жал, ние однапред не се договоривме која точно музика да ја  пушта, а која НЕ.Особено ако некоја музика воопшто не ви се допаѓа или едноставно ви оди на нерви, на пример на мене Rivers of Babilon'' 

(Ула)
GLASBA
FOTOGRAFIJE
3. КОЈ ДА БИДЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ

"Освен што треба да се согласите со фотографот за концептот на фотографијата и колку ќе чини, мора да му ги претставите и важните гости. Веќе се случило на свадба на  фотографиите да не биле некои од родителите: "

(Сандра)
4. БЕЛОТО НЕКА ОСТАНЕ БЕЛО

"Виното и шампањот испиј го пред да ја облечете вашата венчаница. Откако ќе ја облечете венчаницата , стој подалеку од чашите! Бегајте од сите други кои можеби во рака имаат чаша со вино . Што подалеку "

(Ингрид)
BELA OBLEKA
UDOBJE
5. Удобност, удобност, удобност

"Сè што носиш на себе првенствено треба да биде удобно. На денот на венчавката најважно беше тоа што се чувствував добро во сопствената кожа, се наведнував без тешкотија , ги подигав рацете, танцував, опуштено се движев  и сè друго остана на свое место. Имам поголеми гради и не знам како ќе го поминев денот ако градникот и фустанот да не ми прилегаа убаво. Особено што си дозволив невестински фустан од соништата без прерамки ". 

(Ања) 
6. ЗНАЕЊЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО

"Размислете дали некој во семејството има хоби што би можел да го искористи, како украсување, stand-up комедија, фотографирање, готвење, видеомонтажа ... тој би  можел да ти ја понуди оваа услуга наместо подарок, а и свадбата ќе изгледа по лична "

(Тина)
IDEJA
TEMATIKA
7. СЕКОЈА ДОБРА ПРИКАЗНА ИМА ТЕМА

"Ако повторно си ја организирам свадбата, би се одлучила за тема, односно свадбата да биде тематска. Така полесно би се одлучила за сите додатоци, бои, храна ... така би  се вклопило  сè во контекст. И кодексот на облекување е добра идеја, па затоа препорачувам малку повеќе да размислите за тоа и организацијата подобра ќе биде. "

(Ула)

8. ДЕТСКИ АГОЛ

"Сакате возрасните да се забавуваат, требаат и децата. Затоа, препорачувам детски агол каде што ќе има доволно играчки и забава за најмладите. По можност и дадилка или две, така што родителите навистина би можеле да се релаксираат. За да се забавуваат децата, нема потреба од голема организација, но за жал често се заборава за тоа. "

(Тина)
OTROSKI KOTICEK
SPOMINI
9. СЕУШТЕ СЕ СЛУЧУВА

"Без разлика колку сте организирани и колку добро сте подготвени, нешто сигурно ќе заборавите. Најверојатно ќе се сетите на денот на  свадбата,а паниката во тој момент не помага. Однапред биди подготвена дека нешто може да тргне наопаку и земи го тоа како здраво за готово. Ако  пишувате дневник или ако им се заблагодарувате на гостите за оваа венчавка, таквите грешки може да бидат незаборавни приказни и сеќавања на вашата свадба. Најинтересните работи во животот секогаш имаат некоја грешка." 

(Ника)

И наместо да го заклучиме мислењето со кое се согласуваат сите кои се во брак, дека најголемите грешки со времето остануваат во сеќавање само како  прекрасни случки. На сите тешкотии кои не можеме да ги избегнеме, ќе се смееме следниот ден и што е најважно, на денот на свадбата ќе се чувствувате одлично. Вие сигурно ќе бидете најубава и најважна од сите, а најголема ќе биде вашата насмевка и добрата енергија.


При изборот на венчаница, не заборавајте за соодветната долна облека. При изборот не се грижете премногу за тоа што ќе носите, секогаш се наоѓа нешто за секоја прилика. Долната облека можете да ја купите и пред последната проба на венчаницата и да ја прилагодите на деколтето по ваш избор . За полесен избор, погледнете некои опции од долната облека од Lisca кои се соодветни за денот на свадбата и не заборавајте ја брачната ноќ.

 

ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОЛНА ОБЛЕКА  ЗА СВАДБА ОД СОНИШТАТА