Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
18.10.2017

РАЗИГРАНА ЕСЕН

Романтични дезени, нежен жакард материјал и атрактивна чипка во сериите на Cheek by Lisca даваат пред се заводлива и помалку ѓаволеста колекција за есен - зима 2017. Со тренди моделите, одбраните бои и дезени на омилените модели на градници, гаќички и маици за најдобра секојдневна удобност.

 
Новиот модел тренди bralette градник е исклучително впечатлив. Тој е посебно обликуван модел на градник со мрежичка која се протега до вратот, а може да се закопчува на врат или класично. Посмелите трендсетерки можат во својот моден стајлинг да го комбинираат и како парче горна облека со сукња или панталони.

 
Денес сеуште се вели дека спортот ги диктира модните трендови. Спортски елементи како поединачни детали се појавуваат на долната облека. Во колекцијата Cheek by Lisca за есен - зима 2017. покрај секојдневната долна облека ќе најдете и таква која ја нагласува линијата на женското тело и и дава спортско младешки дух. Новитет е нискиот push up градник без жица.

 

Романтичните трендсетерки во светот на соновите ќе ги однесат нежните и меки пижами со тренди дезен, кој се дополнува со топла јакничка со капуљача. Да биде впечатокот комплетен тука се и влакнестите папучи кои во есенските вечери ќе ги стоплат ладните стапала.