Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
12.1.2018

Стајлинг со долна облека - нешто поинаков

Што е стил?  Денес границите на личниот стил се прилично широки, а насоките што е модерно, а што  не, повеќе е до вкусот. Стилот е многу повеќе отколу тренд од  моден магазин, тоа е прашање на лично чувство, начин на кој се прикажува вашиот животен стил. Добрата страна на модните блогови и храбрите модни предизвици е токму во фактот дека модата стана забава. Навидум едноставните парчиња лесно можат да станат дел од интересен стајлинг, а вашиот изглед секојдневно е нов предизвик.

Оваа зима најинтересно парче за модната комбинација е бодито, иако најверојатно до неодамна сте го сметале за дел од гардеробата на "баба", веќе некое време тоа е синоним за убаво обликувано тело, за привлечна и модерна жена.



unique

 

Опуштена преку цел ден

Понекогаш  уште наутро знаеме дека ќе имаме тежок ден. Дека пред нас имаме многу обврски и  ќе мораме да брзаме на работа. Високи потпетици нема да носиме, бидејќи тоа ќе биде премногу тешко за нашите нозе,а  и елегантната облека ќе дојде на ред некој друг посебен ден. Во утринските часови, облечи удобна долна облека, и наместо  градник одлучи се за меко боди  со заводлива чипка.За време на активното движење на работа, бодито  како долна облека  ќе придонесе за чувство на удобност,  ќе ве стопли на најважните места ,а  исто така прилепениот материјал ќе се погрижи за убава линија. Комбинирајте го со фармерки или панталони со спортски модел и вашите омилени патики, а во горниот дел од телото облечете џемпер малку поширок , завртете му ги ракавите  за уште потрендовски изглед. Ставете модерните очила и не ја заборавајте вашата омилена книга. Иако имате толку тежок ден морате да си  дозволите момент за себе во вашето  омилено кафуле ????




 

Дотерана на работното место

Жените се баш супер-суштества. Освен домаќинки, мајки, пријатели, жените се трудољубиви и амбициозни на работното место. УАУ. Покрај сите обврски се трудите  на работното место да дојдете дотерани, иако пред само неколку часа сте  миеле садови и простирале алишта. На   работно место да сте поуспешни, треба да се чувствувате елегантно и самоуверено. Бодито во различни бои нема да биде  само  стилско парче под облеката, туку и ваш доверлив деловен партнер. Изберете го тоа со пенести корпи кое ќе ви понуди  заводлива поддршка на градите, ќе го обликува вашето тело и со тоа ќе го прикрие фактот дека минатиот месец не стигнавте да  одите на вежбање. Дозволете си чевли со соодветна пета, во кои што ќе го поправите вашето држење на телото, а со тоа облечете елегантни панталони и кошула во светла боја,  која ќе го освежи вашиот изглед и ќе ја истакне нежната работна шминка. Споменатиот изглед е соодветен за нешто повеќе елегантен накит како и за стилски ѓердан во златна боја кој идеално ќе одговара со бодито во боја на кожа.



olinaOlinaOlina

Olina