Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
09.5.2016

Летни тајни

Тајна на шармот е она што жените го кријат во себе. Мистериозен поглед, мистериозна насмевка или слатка тајна кажана на пријателка во доверба.


Постојат и други тајни како што е да речеме како да се нагласат убавините на нашето тело, оптички да се преобликува со што ќе добие самодоверба во голема мера.

ИСТАКНЕТЕ ГИ ОБЛИНИТЕ
Со соодветна комбинација на бои и кроеви лесно ќе ги нагласиш облините, дури и ако имаш момчешки изглед. Одбери од големата понуда на модели каде горниот и долниот дел се разликуваат еден од друг. Највпечатлив ефект се постигнува со едноделните костими за капење.

СТЕСНЕТЕ ГИ ШИРОКИТЕ РАМЕНА

Имаш широки рамена? Одбери модел на костим за капење со закопчување или врзување на вратот со што оптички ќе ги намалите рамената. Прерамките кај овие костими за капење се пошироки и удобни за носење истовремено создавајќи прекрасен изглед. За да го нагласите деколтето одберете градник со push up ефект..

ЗА УБАВ ЗАДНИК 
Кај костимите за капење исто така е важнен изгледот одзади. Убаво е кога жените ги нагласуваат своите облини - градите, половината и задникот. Раскошниот детал на задниот дел на гаќичките ќе го направи задникот убав и привлечен..



НАГЛАСИ ГО ДЕКОЛТЕТО
Раскошното деколте го прават градниците со push up ефект. Оптички ги зголемуваат градите кај костимите за капење кои имаат богати дезени, структура и акценти со различни набори, бои, дури и атрактивни врзувања на прерамките. Гаќичките може да бидат еднобојни со помалку дезен со што погледот е насочен кон градникот.

УБЛАЖЕТЕ ЈА ТРИАГОЛНАТА ФИГУРА
Широките рамена и тесните колкови ја претставуваат триаголната фигура. Соодветен избор на костим за капење е градник кој се врзува околу вратот со што оптички ќе се намалат широките рамена, или пак модел на костим за капење кој ја истакнува половината или долниот дел од телото. Можеш да избереш модел со пенти гаќички кој ќе ги продолжи колковите и на тој начин ќе добиете складно тело.

ИЗДОЛЖИ ЈА ФИГУРАТА
Костимите за капење кои во средината или од страна имаат додатоци го издолжуваат и нагласуваат телото. Може да бидат со дезен на монохроматски линии, еднобојни или со цветни мотиви. Исто така е значаен и кројот, а најдобар избор ќе биде монокини костим за капење кој во половината има форма на песочен часовник. На овој начин телото оптички ќе биде издолжено и ќе изгледа елегантно.