Програма за спиење

Show Filters
Филтери

Продукти 1-12 од 144

Постави опаѓачки редослед
Page
На страна
Програма за спиење

Пижамите нудат исклучителна удобност, но имаат и други предности: при добриот ноќен одмор го чуваат вашето здравје, а истовремено во нив можете да изгледате фантастично.

Ноќната облека е облека наменета за носење во текот на спиењето. А тоа што ќе го носите во текот на спиењето, се разликува во зависност од годишното време, при што топлите пижами се носат во студените ноќи и обратно. Некои стилови или материјали се избрани така што покрај својата функција да бидат и визуелно привлечни или еротични.

Со добра пижама и добар сон сигурно ќе бидете подготвени за сите предизвици што ќе ви ги донесе утрешниот ден.

ДЕВЕТ ПРИЧИНИ ЗАШТО ДА СЕ НОСАТ ПИЖАМИ

1. Квалитетните материјали овозможуваат исклучителна удобност

Пижамите се омилена облека за спиење, првенствено поради удобноста што ја овозможуваат материјалите од кои се изработени. Пижамите од природни материјали ( памук, модал, вискоза) се омилен избор поради својата природна мекост и хипоалергенски својства. Тоа значи дека материјалите се нежни и за најчувствителната кожа, ви помага побрзо да заспиете и да успеете да се опуштите ноќе.

Материјалите наменети за изработка на пижами се исклучително пријатни со што поттикнуваат подобар сон. Ако сред ноќ често се будите зашто чувствувате непријатна топлина или пижамата ве ограничува при барањето најдобра позиција за спиење, време е да ја замените со нова.

2. Пижамите ве греат во студените денови

Носењето пижами помага за побрзо загревање на телото. Некои се изработени за полесно да се припијат и побрзо да ја загреат кожата.

Во студените годишни времиња одлучете се за пижама со долги ракави и ногавици, за да си овозможите заштита од непријатното време. Со тоа што облеката за спиење ве загрева, ви помага и го намалува ризикот од болести што се појавуваат во студените и влажни месеци.

3. Известете го своето тело дека е време за спиење

Дали некогаш сте констатирале дека станувате поспани секогаш кога ќе облечете пижами? Но зошто?

Облекувањето пижами му помага на вашето тело да почне да се подготвува за фазата на спиење. Слично чувство доживувате кога наутро се облекувате за на работа и се подготвувате да работите.

Кога со облекување на пижамите ќе воспоставите дел од вашата рутина пред спиење, може да се подобри и квалитетот и траењето на спиењето. Добро се чувствувате и подготвени сте за опуштање.

Ако пижамите ги облекувате секоја вечер, вашиот ум и тело ќе се програмираат за да уживаат во здравиот и мирен сон, па најдобро искористете ги корисните ефекти од спиењето.

Квалитетот на спиењето може и да се подобри ако на соодветните пижами им додадете и друга облека за спиење, како што се на пример чорапи. Можете да подготвите и етерични масла кои поттикнуваат добар ноќен одмор.

4. Комотните пижами го олеснуваат преместувањето

Ако сакате да носите поширока облека, оваа вест ќе ве развесели. И носењето комотни пижами носи голема придобивка зашто овозможува едноставно преместување и удобност. При избор на пижами обратете внимание на етикетата, затворачите и копчињата, за подоцна да не ви пречат. Комотните пижами се одлични и во комбинација со чорапчиња кои на брзина можете да ги обуете или да ги извадите.

5. Пижамите се знак дека се грижите за себе

Вложувањето во навистина квалитетени пижами покажува дека ја цените удобноста на позитивните ефекти на спиењето и да бидете свесни дека мора да се погрижите како за физичкото, така и за психичкото здравје. Изборот на вистински пижами, кои одговараат на вашето тело и особености е едноставен начин да се погрижите за себе.

Дали се чувствувате одлично кога носите облека што ви се допаѓа и убаво ви прилега? Не го потценувајте подигнувањето на самодовербата што се случува при носењето на вистинските пижами!

6. Едноставни за сместување

Благодарение на квалитетните материјали, облеката за спиење е едноставно да се чува дома, без оглед дали ќе ја чувате во фиока или ќе ја обесите зад врата.

Пижамите се одлични и за патувања, најнапред зашто лесно се пакуваат, не зафаќаат многу простор во багажот и не додаваат многу на тежината.

7. И со облеката за спиење изразете ја својата личност

Иако пижамите и ноќниците првенствено се наменети за спиење, на располагање се многу прекрасни и модерни модели. Облечете пижама која добро ќе ја изрази твојата личност. Изберете го својот омилен принт, комбинација или одлучете се за романтична елеганција и изберете тантела.

Со носење на секси пижами, ноќници или наметки кои му ласкаат на вашето тело е одличен начин како да го пренасочите вниманието на својот партнер кон себе, со цел малку да ги зачините работите.

8. Раскомотете се со стил

Уживајте во своите „пижами на денот“, во текот на викендот или во слободните денови. За гледање на омилените емисии олабавете се и здивнете, притоа чувствувајте се пријатно и удобно.

9. Носете ги преку ден

А зошто да не? Ако изберете вистинска кројка и материјал, пижамите за миг од облека за спиење се претвораат во елегантна и секси дневна облека.

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.