Чести прашања
Како оптички да ја корегираме линијата?
Имам мали гради... дополнително може да се нагласат со правилен избор на моделот (push-up градник, градник со гел, обликувани пенести корпи) и отисок во јаки бои, набори и слични нагласоци на градниот дел.
Имам силни бедра... за да добиете убав изглед, ножниот изрез на костимот за капење мора да биде опфатен во делот на превиткување. Имам широки колкови... колковите ќе ги смалиме со избор на модел кој преку нив има темна боја, со што погледот ќе се пренасочи на деколтето.
Имам тесни колкови... ќе ги нагласите со избор на посилни бои во висина на колковите.
Имам широка половина... ќе ја смалите со шавови кои ја нагласуваат линијата на телото, и костим кој е комбиниран со контрасни бои на двете страни.
Кое е значењето на бојата при купувањето на костим за капење?
Морате да знаете дека силните бои на сонце, па и во базените се помалку забележливи, отколку во продавница.
Изборот може да биде посмел, земајќи го предвид темпераментот и тенот кој на сонце ќе потемни. Ако имате потемен тен, изборот на бои не би требало да биде проблем, додека светлиот тен бара поинтензивни бои.
Како да изберете вистинска големина на костим за капење?
Погледнете ги упатствата за мерење.
Кои материјали ги користи лисца за изработка на костимите за капење?
За костимите за капење многу е важен еластомерот, кој се одликува со голема еластичност.
За обезбедување на адекватност и функционалност на костимот за капење многу се важни поставите.
За преглед на најважните влакна кои се користат за изработка на плетива и ткаенини, како и за долна облека, костими за капење, пижами, така и за маици, блузи, кликнете.
Како да ги одржувате костимите за капење?
Како оптички да ја корегирате линијата?
Имам големи гради... оптички ќе ги намалите со корпи кои се од чипка и се со широки прерамки.
Имам широки колкови... одберете чипка или проѕирни додатоци на страничните делови на килотите со ножен изрез.
Имам тесни колкови... предлагаме килоти со непроѕирен материјал со низок ножен изрез или со продолжени ногавици кои оптички шират.
Имам широки бедра... Непроѕирниот материјал дава ефект на оптичко смалување. Инаку, за широки бедра наменети се високи ножни изрези или мидер со ногавици. Витките бедра убаво ќе се нагласат со килоти со продолжени ногавици – пенти килоти.
Имам истакнат стомак... треба да изберете модел на долна облека како што е корзелетот и килотите со висока чипка над предниот ножен изрез, чиј основен материјал е во облик на триаголник.
Потребна ми е долна облека за поголеми броеви... за изработка на овие модели се користи еластичен и богато ткаен материјал кој го задржува својот облик. За да бидете забележани користете прерамки за корзелетите и градниците кои со својата ширина и еластичност не ја затегаат кожата и даваат потполна поддршка на корпата.
Како да одберете долна облека за различни прилики?
За секој ден
За секојдневна употреба најсоодветно е да се користи долна облека во која жената ќе се чувствува удобно и која е лесна за одржување (материјал од памук, модал и микро плетиво). Препорачуваме: комплет од градник и килоти, боди, корсет.
За заводливи моменти
Долна облека од чипка и микро плетиво во различни бои за нагласена женственост. Препорачуваме: push up градник, градник со гел, стринг килоти и корсет (боди).
За посебни прилики
Овој тип на долна облека е направен од повеќе модерни и луксузни материјали како дополнување на горниот дел од облеката или пак се носи самостојно. Препорачуваме: корсет,бустие, торзелет, градник со менливи прерамки.
Корективна долна облека
Функционална долна облека која ја корегира вашата фигура, направена од повеќе компактни еластични и не-еластични плетива. Препорачуваме: финкционален градник, корсет, мидер.
За доилки
Наменети се за мајки кои ги дојат своите бебиња и чии корпи едноставно се откопчуваат. Направен е од памучно или чипкасто плетиво што го прави едноставен за одржување. Препорачуваме: функционален градник со корпа на откопчување
За оперирани
Градник од еластичен материјал со можност за вметнување на протеза. Препорачуваме: функционален градник, модел направен по порачка.
Правилно комбинирање на долна и горна облека?
Фустан со деколте: градник со прерамки кои се вадат со соодветен облик и големина на корпите.
Припиен фустан: градник со безшавно обликувани корпи, стринг килоти/боди, мидер Припиени
панталони: бикини килоти, стриг килоти, боксерки
Какво е значењето на бојата при купување на долна облека?
Под тенка горна облека се препорачува градник во иста боја. Морате да знаете дека боите влијаат на расположението. Во табелата подолу се наведени неколку психолошки карактеристики за секоја боја.
Боја |
Карактеристика |
Позитивен ефект |
Бела |
Чиста и невина |
Нагласува нежност и милост |
Црна |
Силна и заводлива |
Нагласува елеганција и убавина |
Црвена |
Жива и енергична |
Возбудува и поттикнува страст |
Сина |
Мирна и замечтаена |
Смирува и дава чувство на слобода |
Жолта |
Топла и разиграна |
Дава чувство на живост |
Зелена |
Прилагодлива и опуштена |
Смирува, опушта и дава чувство на сигурност |
Виолетова |
Возвишена и раскошна |
Предизвикува и заведува |
Портокалова |
Весела и чувствителна |
Поттикнува желби |
Кафена |
Цврста и стабилна |
Заштитува и поттикнува доверба |
Сива |
Срамежлива и елегантна |
Дава чувство на смиреност и прилагодливост |
Пастелни бои |
Осетлива и префинета |
Буди доверба и нежност |
Како да изберете долна облека што ќе ви одговара?
За жал, многу потрошувачки не се задоволни со својата долна облека. Тие буквално останале со ист број градник за цел живот (кај килотите преминувањето од број на број е вообичаено), иако промената на телото е забележителна по бременост, намалување на мускулната маса, олабавување на сврзното ткиво итн.
Како е дизајнирана долната облека Lisca И Cheek by Lisca?
Кои материјали се користат за изработка на Долната облека?
За преглед на најважните плетива кои се користат за изработка на долна облека, костими за капење, пижами како и за маици, блузи, кликнете.