Гаќички

Show Filters
Филтери

Продукти 1-12 од 95

Постави опаѓачки редослед
Page
На страна
Гаќички

Долната облека е облека која се носи под горната облека, главно во непосреден допир со кожата. Дали некогаш сте размислувале за што служат гаќичките? Освен што можете да избирате меѓу многу различни кроеви кои и одговараат на вашата линија, нивната намена е многу широка:

  • Го одржуваат суво вашето интимно подрачје и го штитат од надворешни влијанија.
  • Овозможува удобност, зашто благодарение на гаќичките интимните делови не се тријат непосредно од горната облека.
  • Ги обезбедува интимните делови да не бидат видливи, на пример кога носите кратко здолниште или кога ќе дувне ветар.
  • Ја впиваат течноста и заштитуваат влагата да не пробие на горната облека.
  • Помеки се од горната облека и полесно се заменуваат за да се одржат чисти.
  • Секси се, и кога ги носите, во нив се чувствувате самоуверено.
  • Со нив можете да ја „зачините“ својата вечер со партнерот.

Од различни истражувања произлегува дека жените најчесто носат бели гаќички, потоа црни и во неутрална боја (боја на кожа, беж).

Просечната жена во својата гардероба има 34 пара гаќички, кои обично се делат во две групи: на оние удобни (обично памучни) и оние посебните, секси гаќички. За секојдневна употреба ви препорачуваме минимално 10 пара гаќички.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ВЕЛИЧИНА

При избор на гаќички потребно е да се води сметка за градба на телото, како при одредување на големината, така и при избор на вистинскиот материјал. Најнапред обратете внимание на затегнатоста на отворот за нозете. Не смее да ве притиска, ниту да биде премногу лабав. Испробајте ги гаќичките преку сопствената долна облека, така подобро ќе се чувствувате.

Гаќичките избирајте ги според својата конфекциска големина(36, 38, 40, 42, 44, S,M,L, XL...), зашто важен е опсегот на колковите. Мерете хоризонтално, преку најистакнатиот дел на задникот, така ќе ја одредите вашата големина.

Конфекциски број според ширината на колковите:

34 (S) = 84 – 88 cm

36 (S) = 89 – 93 cm

38 (M) = 94 – 98 cm

40 (M) = 99 – 103 cm

42 (L) = 104 – 108 cm

44 (L) = 109 – 113 cm

46 (XL) = 114 – 118 cm

48 (XL) = 119 – 123 cm

50 (2XL) = 124 – 128 cm

52 (2XL) = 129 – 133 cm

За помош и попрецизно мерење можете да ја замолите вработената во продавницата.

КРАТОК ВОДИЧ: РАЗЛИКИ МЕЃУ ГАЌИЧКИТЕ

Гаќички: задниот дел со класична кројка на гаќичките дискретно го покрива целиот задник.

Бразилки: задниот дел ја покрива горната половина на задникот и убаво го нагласува. Бидејќи изрезот на бразил гаќичките завршува повисоко од класичниот крој, рабовите на гаќичките под припиена облека не се гледаат.

Танги: не го покриваат задникот, тесните странични делови од назад се спојуваат во лента.

Пенти (хипстер) гаќички: покриваат ¾ од задникот и имаат поширок страничен дел. Во меѓуножниот изрез немаат ластик, додека самиот изрез е спуштен ниско.

Бикини гаќички: го покриваат целиот задник, затоа страничниот дел кој го поврзува предниот и задниот дел претставува тесна лента.

Италијанки: ја покриваат попречната половина на задникот и потесни се на страничниот дел. Предниот и задниот дел се во форма на триаголник и речиси се со еднаква широчина.

Гаќички со висок струк: горниот дел им завршува приближно во висина на папокот. Можат да послужат и како помош во обликување на линијата зашто вашето тело ќе изгледа помазно.

High leg- гаќички: висината на страничниот дел е повисока од висината на предниот и задниот дел. Страничниот дел е така подигнат, што е поставен повисоко на колковите. Задниот дел го покрива главниот дел од задникот, а само мал дел останува откриен.

Француски гаќички: изработени се од тантела, со иста висина однапред, одназад и од страна.

Гаќички за обликување на телото: направени се така за убаво да го стегнат телото и визуелно да го преобликуваат.

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.