Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.

Материјали

Материјал/влакно Ознака Карактеристики
ПРИРОДНИ ВЛАКНА
БАМБУС   Потполно природни влакна – мешавина од бамбус и еко
памучни влакна; пријатно чувство на ладење.
ПАМУК CO/BW  Природно влакно од билно потекло–материјал кој добро
впива. Може да се пегла и на повисоки температури. Со
посебна обработка памукот може да добие сјаен изглед,
се отстранува туткањето и се смалува собирањето.
СВИЛА SE Природен материјал со луксузен изглед, пријатен
на кожата. Бара повеќе нега во одржувањето. 
LAN LI Материјалот многу добро впива, има природен сјај.
Може да се пере и пегла на високи температури.
   
ВЛАКНА ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО  
ВИСКОЗА VI Регенерирано целулозно влакно. Материјалот е пријатен
на допир и благодарејќи на воздушноста е пријатен за
носење.
МОДАЛ
CMD Регенерирано целулозно влакно со голема цврстина и
висок модул на еластичност во вода. Материјалот е
пријатен на допир, помек е од вискозата и благодарејќи
на воздушноста е пријатен за носење.
АЦЕТАТ   Модифицирана целулоза. Материјалот има благороден
изглед, убаво паѓа и полн е на допир, малку се тутка. Се
одржува на пониски температури.
ВОЛНА WO Спаѓа помеѓу природните протеински влакна од
животинскопотекло – влакно од овца од различно
потекло. Многу е хидроскопно – на себе може да
превземе и до 40% влага. Волната спаѓа помеѓу
најлесните природни влакна и е многу елстична. Волната
е материјал со најголема впивливост (до 33% без да
почуствуваме дека е мокра); добар топлински изолатор
(штити од мраз и топлина) и малку се тутка: бара
посебна нега – рачно перење на ниска температура,
нежна грижа и специјални средства за перење.
   
МОДЕРНИ ВЛАКНА  
ПОЛИАМИД PA, PA6, PA66 Синтетичко влакно, цврсто и издржливо, не се тутка.
Одржувањето на ниски температури е едноставно.
ПОЛИЕСТЕР PES Синтетичко влакно, слично на волна, свила или памук.
Полиестерот е цврст, издржлив, не се тутка и не се
собира. Негата е едноставна, а и брзо се суши.
ЕЛАСТАН EL Материјал кој има висока растегливост и еластичност, во
мешавина со други влакна се користи за производи кои
се припиваат на телото.
ПОЛИУРЕТАН PUR Спаѓа меѓу хемиски влакна изработени од синтетички
полимери. Полиуретанот е составен од ланец на
органски единици поврзани со уретански врски.
Полиуретанските формулации се прават со широк
спектар на крутост, тврдина и густина. Полиуретаните се
користат за изработка на најразлични прилагодливи
пени, подлоги, крути пени итн.
МЕТАЛНИ ВЛАКНА
 ME Металните влакна првенствено се појавуваат кај
ткаенините и везовите. Со тек на време, значајно се
промениле материјалите и начинот на изработка на
влакната – денес најчесто се користат метални влакна од
алуминиум.