Нова победа
Дали има нешто поубаво од летните сончеви денови на море? Тешко ќе ме убедите. Пријатното пиркање на ветерот е совршено за излежување во сенките на мирисната борова шума и полнење на батериите кои во текот на годината се испразниле. Барем на Пиа. Сам имав доооолг одмор и едвај дочекав да се вратам на работа. А што тоа всушност правам?
Листата е долга, а почнува со одличната поддршка на раскошното деколте на Пиа, а за подобра линија ќе ги прегрнам и нејзините раскошни облини. Одговорна работа, зарем не? И сето тоа го сфаќам многу сериозно, како за време на пливањето и шетањето, така и при спортските активности во море или на плажа. А Пиа кога е на одмор нив повеќе ги сака од одмарање. Нејзините слободни денови се возбудлива комбинација од целосна релаксација и движење...
»O, драга!«
Од хибернација не разбуди добро познатиот глас на Маша.
»Дали си за одбојка на песок, или сеуште се прибираш по вчерашната забава?«
Пиа е секогаш спремна за нови предизвици. Во истиот миг рипна на нозе.
»Одиме!«
Нејзините облини малку поцврсто ги прикрив со тенка и мека ткаенина. Маша директно ме погледна:
»О-хо-хо ! Што имаме овде?«
Дојде до најблиската пријателка,ја зграби за рака и заедно истрчаа во вода до колена. Целото друштво им се придружи и за неколку минути сите бевме мокри. Каде сите Турци, тука и малиот Мујо. Еден по еден весело паѓавме во вода. Освежувачки. Тина направи уште неколку потези, потоа се врати на пешкирот.
Кога не би бил црн, ќе поцрвенев до раменици. Всушност и поцрвенев, но девојките тоа не го приметија и му се придружија на разиграното друштво и забавата почна. Пиа неуморно трча по топката, а јас ги ловам нејзините облини. Супер се забавуваме! Скокаме на сите страни и заедно освојуваме голем број на бодови.
Девојките се воодушевени, особено со мене. Модерниот крој кој убаво ги опфаќа облините, широките нараменици кои нудат добра потпора и целосна удобност. Благодарение на Пиа изгледав елегантно и како права дива ги прифаќав несреќните слетувања на песокот. Гледајте и чудете се. Градник сум Canaria, Gran Canaria. Имам сé што ви треба.