Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
14.12.2021

#LiscaInspire – Brina: »Сакаш ли да си среќна, биди!«

#LiscaInspire – Brina: »Сакаш ли да си среќна, биди!«
Брина плени со позитивна енергија. Со насмевка која е заразна за околината. Зрачи со самодоверба и спонтано ја пренесува и на другите.

»Во текот на моето детство и тинејџерски денови, имав чувство дека светот навистина го цени само изгледот на човекот. За време на „короната“ ми се смени мислењето, можев да посветам повеќе време за да се прифатам себеси таква каква што сум и морам да кажам дека животот ми стана поубав. Покрај тоа што сама себе се,„воздигнувам“, ги охрабрувам и моите ќерки да се сакаат себеси.«

Lisca Inspire Brina

Најнапред требаше себеси да се увери дека не е се во изгледот и дека туѓите мислења не се тие што не дефинираат.

»Насекаде не бомбардираат со фотографии и снимки од „идеални женски тела“. Од телевизиски реклами до социјални мрежи. Се чувствував одвратно, го мразев своето тело и не се ценев себеси. Со таков поглед на моето тело привлекував само луѓе со лоши намери, ситуации кои многу пати ме расплакале. Но, го сфатив фактот дека што даваш, тоа и добиваш. Ако шириш добра, позитивна енергија, ќе ти се врати во еден или друг облик. Патот до вистинската љубов кон себе и своето физичко тело е долготраен, кај мене сè уште трае и мислам дека ќе потрае цел живот, во овој момент знам и верувам дека сум убава како одвнатре така и однадвор.«

Lisca Inspire Brina

Таа не увери дека секој ден може да биде посебен - дека во малите нешта и моменти од секојдневниот живот можеме да најдеме причини за среќа.

»Денес повеќе време си посветувам на себе и правам работи кои навистина ги сакам, ја слушам мојата интуиција и морам да кажам дека животот ми е поубав. Прифатив дека сум таква каква што сум со причина. Горда сум на себе. Со таков став ги воспитувам и моите ќерки и ги поттикнувам да се сакаат себеси. Кога ги гледам среќни, среќна сум и јас.«

Lisca Inspire Brina

Како се грижи за секој ден да и биде позитивен?

»Со тоа што секое утро изговарам позитивни мисли, постојано се потсетувам колку сум единствена. Многу ми помага музиката, секако и танц без никакви ограничувања.«

Нејзиното мото е: »Сакаш ли да си среќна, биди !«

#LiscaInspire