Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
21.2.2020

Денот на вљубените во салонотите на Lisca

"Секогаш кога љубиш, љуби длабоко до вечноста“, рекол Одре Лорд. Во љубовта, важни сте вие, вашиот партнер или партнерка и вниманието кое што си го покажувате за да ја зачувате емоцијата помеѓу вас. Така треба да биде секој ден, но има еден ден во годината  посветен на најмоќното чувство во светот -14 фебруари, Денот на вљубените.

Оваа година на овој специјален ден во салоните на Lisca, исполнети со срцевидни и уникатни декори, се славеше љубовта, а кога се слави истата, среќата е дефинитивно неизбежна. Насмеаните лица на присутните посетители ги исполнија салоните кои  изобилуваа со црвена боја - бојата на љубовта,  сите имаа можност да се фотографираат на специјална рамка од црвени срциња, а потоа да продолжат со влечење на интересни награди.

Среќата не е целосна доколку не ја споделиш, а токму тоа го направивме сите заедно на 14-ти февруари во позитивна атмосфера, со елегантен шмек на модерното и урбаното. Се сподели љубов, а задоволните насмевки на присутните беа доволен знак дека Lisca и потрошувачите се секогаш тука еден за друг.