Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
12.9.2016

LISCA НА САЕМ ВО КИЕВ

Од 7 до 9 септември Lisca успешно се претстави на саем во Киев кој се одржува по 31 пат. На саемот се претставија производители на облека, долна облека и останати текстилни сегменти од Украина и Европа. На настанот на кој учетсвуваше заедно со украинските партнери Lisca остави многу добар впечаток и поттикна голема заинтересираност. Беа претставени актуелните колекции на долна облека и костими за капење за следната сезона пролет-лето.


 
 

На украинскиот пазар каде претставничките на понежниот пол сакаат да носат квалитетна и женствена долна облека, Lisca почнува да се етаблира како еден од најдобрите брендови кои се почитувани.