Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
10.11.2016

ГАЛА МОДНО ШОУ НА LISCA ВО БЕЛГРАД

Во Белград на 9-ти ноември 2016 Lisca организираше модно шоу испреплетено со пеење и танцување на кое ја претстави колекцијата која ќе ги воодушеви модните трендсетерки за идната година.


Модната ревија ги претстави новите трендови на долна облека и костими за капење кои ќе ги донесе новата модна сезона за пролет-лето 2017. Жената со грижливо избран изглед секогаш може да биде самоуверена, модерна и совршена. Линиите на долна облека и костими за капење ја карактеризира широка палета на бои и заводливи кроеви.
                                                                                    

Долната облека Lisca Selection кокетира во престижна атмосфера со боженствена привлечност. Моделите ги карактеризира таинственост, прикривање и откривање, додека раскошот е нагласен со блескави Swarovski кристали. Долната облека Lisca Fashion ја нагласува женската нежност и елеганција со раскошен вез, еластична чипка, нежни набори и цветен принт. Воодушевуваат атрактивните кроеви кои се смели и женствени, а воедно ја зачувуваат удобноста и функционалноста. Долната облека Cheek by Lisca ќе ги развесели оние кои се инспирирани од ретро стилот, односно ги обожаваат симпатичните точки на тул или пак нежен принт со модерена леопардова шара.

Разнобојните костими за капење Cheek by Lisca ќе ги воодушеват младите разиграни девојки кои обожаваат шарени принтови и живописна егзотика. Украсени се со разигран овошен принт, живи бои и чипкаста такаенина во комбинација со мрежест материјал. Костимите за капење Lisca ќе бидат обоени во цветен принт и нијанси кои се прелеваат. Дамата на Lisca всушност е одлучна, самоуверена и со стил кој го задржува и на плажа.
 

Специјално за оваа модна ревија, како моден десерт дизајнирана е ексклузивна линија на долна облека Lisca Prestige. Гламурозни кроеви во бели, златни и бакарни тонови, романтична чипка, вез и кристали кои ја доловија раскошната, провокативна и сензуална колекција што овој моден спектакл го направи посебен.

 

Колекциите ги осмислија дизајнерките Мелита Летнар, Сузана Горишек, Маја Недиќ, Марјана Чешњевар и Маја Ратајц – арт директорка на Lisca.



 
Гала модното шоу го разиграа танцувачи од групата Рис, додека атрактивниот егзотичен настап го воодушеви професионалниот танчер Тито Гармендиа со танцувачи и тапанари кои во жив ритам не однесоа во морски амбиент при претставувањето на костимите за капење.
Настанот го одбележа и познатата српска пеачка Јелена Томашевиќ која воодушеви со разиграна песна и го најави врвот на модната ревија – претставувањето на престижните модели на долна облека Lisca Prestige.
 

На модната писта тренди приказните ги раскажаа шармантните манекенки меѓу кои и Јефимија Јокиќ, Јелена Бабиќ, Орнела Карабумба Нкеза, Марина Штрбац, а во манекенската екипа беа и познатите словенски манекенки Сабина Ремар, Анамарија Абвељ и Катја Шкофиќ, како и хрватските Тина Катаниќ и Ана Јуретиќ.


 

Најновите модни трендови на долна облека и костими за капење со голем интерес ги разгледаа и бројни познати лица меѓу кои и Ана Бебиќ, Сузана Манчиќ, Јелена, Невена Божовиќ и Марко Живиќ.


Video