Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
24.1.2020

СAEM ВО ПАРИЗ

Во јануари во француската престолнина традиционално сé се врти околу модата и најновите модни трендови со кои ќе се одбележи 2021 година. На саемот Salon International de la lingerie & Interfiliere учествуваа и некои од нашите соработници. Се претставија бројни производители на долна облека и материјали, но во помал број отколку претходните години.

Саемот го одбележа тренд кој може да се забележи и во различни кампањи, а Liscа го практикува веќе неколку сезони - презентирајќи ги моделите на жени со различна градба и возраст. Помеѓу вообичаените манекенки на модните ревии се вклучија и дами во позрели години и пополни модели, и со тоа ја прикажаа разновидноста на телата и долна облека која убаво може да ги опфати сите градби.

На саемот се одржа и интересно предавање на BRA FITTING од страна на светски познатата и реномирана американска предавачка, Kimmay Caldwell, експерт за долна облека. Се одвиваше во форма на работилница, со практични демонстрации на два модела, на тема оптимално прилегање на долната облека, подобрување на удобноста, ефективен дизајн и избор на вистинската големина. Таа го објасни и нумерирањето на долната облека по држави кои различно означуваат големини и корпи, бидејќи многу брендови имаат свои стандарди на мерење.

Соработниците ги посетија постојните и потенцијалните нови деловни партнери.