Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
21.9.2021

Ах, повторно тие слаби девојки

Во модната индустрија тешко е да се избегнат коментарите: „Промовирате само слаби“ и „Зошто не објавувавте повеќе фотографии од обични жени“. Модниот свет отсекогаш има свои стандардни мери за манекенки што се користат во модната индустрија, но многумина не го знаат тоа.

Значи, зошто почесто гледаме долна облека на вити манекенки, прочитајте во продолжение.

 

 Ah, opet te mršavice


1. Сѐ тргнува од величината 38

Уште во текот на образованието, модните дизајнери најпрвин се запознаваат со бројот 38. Станува збор за стандардна основна величина, во која започнуваат да кројат и да дизајнираат. Подоцна, преостанатите поголеми или помали броеви (36, 40, 42...) се приспособуваат на првиот крој, кој е направена за бројот 38. Така, за градниците, стандардната основна величина во модната индустрија е 75Б, а за гаќичките 38 (75Б одговара на величината 38). 


2. Подготвувањето колекција трае подолго од една година

Колекцијата за наредното лето е прегледана и потврдена најмалку една година порано. Организирано е претставување на манекенки што ги носат основните модели - прототипови, кои веќе се сошиени во величините 75Б и 38. Кога производите се потврдени, започнуваат тестирањата. Ако сѐ е во ред, потоа основната величина може да се намалува или зголемува, за и понатаму да се тестира.

За една колекција (пролет/лето или есен/зима) треба да се изработат многу производи во различни величини. Секоја колекција има повеќе линии, секоја линија - повеќе серии, секоја серија - повеќе производи и секој производ може да биде во повеќе бои. Обично станува збор за долна облека, програма за спиење, костими за капење... За жени, мажи и за нашите најмлади. Можете ли да замислите за колкава бројка станува збор?

На пример - годинешнава колекција пролет/лето 2021 е изработена во околу 3.500 различни величини. 


3. Не мора сите производи да бидат на располагање во сите големини

Сите кроеви и материјали немаат исти својства и не поднесуваат ист изглед. Тантелата и еластичните материјали понекогаш не се растегнуваат доволно, па некои кроеви во 75Б и 38 излегуваат прекрасно, додека во поголеми величини некои детали не се доволно изразени. Потешко е да се постигне и елегантна проѕирност. За да им одговараат градниците и гаќичките на жените, во понуда остануваат до оптималната величина што обезбедува удобност и убав изглед.

 Ах, повторно тие слаби девојки


4. Избор на манекенките

Сега знаете дека првите производи се секогаш сошиени во величините 75Б и 38. Значи, на првото фотографирање учествуваат манекенки со такви мери. Избраните не се преслаби, туку имаат убави облини и полно деколте, за долната облека на нив да изгледа добро.

Знаете и дека најпрвин се прават прототипни примероци, кои се фотографираат на манекенките. При првото фотографирање, реална колекција всушност сѐ уште воопшто и не постои. И покрај тоа, одредени модели најпрвин се шијат во поголеми величини и се фотографираат.

Дали сте знаеле?

• Нашите манекенки се особено високи, затоа изгледаат повито. Истите производи на жена висока 165 см ќе изгледаат сосема поинаку.
• Манекенките за долна облека се меѓу „пополничките“ манекенки. Класичната манекенка за горна облека често нема гради ни за А-длабочина на корпа.

 


 

Доколку сакате да соработувате со нас и да покажете колку добро изгледате во нашата долна облека, ве покануваме да ни испратите своја кратка презентација со фотографии на [email protected].