Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
17.9.2018

Miss Sporty – Cheek by Lisca


Боите влијаат на нашето расположение. Затоа спортската серија на долна облека Cheek by Lisca Miss Sporty е обновена со црна боја на која се додадени додатоци од живи бои, кои потсетуваат на движење и ја зголемуваат енергијата. Благодарение на еластичниот материјал движењето е лесно, а активната облека ја одделува влагата од кожата, ја исфрла надвор и дава чувство на удобност во текот на вежбањето. Моделите се дизајнирани градите да ги држат цврсто и при поголеми напори.За дополнителна потпора прилагодени се прерамките и грбните делови - делуваат модерно, тренди и младешки.

На спортската облека Cheek by Lisca и овој пат и се додадени атрактивни модели на горна облека, како јакничка и двослојни кратки панталони кои сите ќе ги приметат - за оние кои сакаат покомотна облека.

Активната долна облека Miss Sporty дава идеална поддршка и свежина која им е потребна на спортистките, а воедно се грижи за атрактивен, модерен и тренди изглед во кој секоја жена ќе се чувствува самоуверено.



"Морам да го пофалам градникот Miss Sporty, во кој трчав исклучително долг пат од 100 километри, во време од 13 часа и 2 минути и на тој начин го освоив 15-тото место на трката во Ултрамаратон, 100 километри, која се одржа во Швајцарија Биел. Исклучително удобниот градник за цело време ми овозможи, добра и пријатна поддршка од почеток до крајот на трчањето. Јас сум воодушевена!?"

Саша Марко Попелар, ултрамаратонка

"Воодушевена сум од спортската облека Miss Sporty. Поголемиот дел од моето време го минувам во спортска облека, па затоа исклучително важно за мене е да имам функционална и удобна долна облека . Материјалот е исклучително мек и удобен. Дизајнот е многу привлечен, доволно спортски и прилично женствен. Со голема радост го носам, бидејќи добро се чуствувам во него."

Ана Бучик, алпски скијач