Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
27.8.2020

Како да се обујат хулахопките и да останат неоштетени?

Како да се обујат хулахопките и да останат неоштетени?
Дали ви се случило да си купите убави хулахопки, а тие да се скинат кога ќе се обидете да ги обуете? Или со ноктот да го закачите материјалот и на ногавицата да остане распарана нишка?

Некои работи во животот се подразбираат. Односно се сведуваат на подразбирање, зашто ги извршуваме како добро програмирани машини, без да размислуваме вистински за тоа. На пример, закопчување копчиња или возење автомобил од канцеларијата до дома.

Или обување хулахопки.

Сепак, зад секоја од тие работи се кријат вештина и знаење, кои понекогаш е добро да се обноват, иако за тоа можеби никогаш не сте размислувале. Но и за обувањето на хулахопките постојат правила.



ПРВ ЧЕКОР

ПРВ ЧЕКОР

Прво, и веројатно најважно, е да не брзате. Хулахопките замислете ги како втора кожа и така третирајте ги. Извадете го накитот од рацете и исчистете ги. Палците поставете ги покрај работ на хулахопките и нежно наберете ги по целата должина.



ВТОР ЧЕКОР

ВТОР ЧЕКОР

Седнете, хулахопките ставете ги на ножните прсти, израмнете го материјалот, па полека и внимателно рамномерно повлекувајте преку петицата до колениците. Почувствувајте како нежно се лизга свиленкастата мекост по вашата кожа.



ТРЕТ ЧЕКОР

ТРЕТ ЧЕКОР

Обрнете внимание на листовите, глуждовите и на колениците - хулахопките нека не се набираат на нив, туку нека останат малку оптегнати. Внимавајте да не ги оптегнувате премногу, зашто при носењето мора да се чувствувате опуштено, а хулахопките мора убаво да ги обвиткаат вашите нозе.



ЧЕТВРТИ ЧЕКОР

ТРЕТ ЧЕКОР   ТРЕТ ЧЕКОР

Со палците на двете раце повлечете ги хулахопките преку колковите, до струкот. Наместете ги внимателно околу колковите и израмнете ги ако е потребно.





Со правилното обување ќе им го продолжите векот на траење на вашите хулахопки и подолго ќе ја зачувате нивната убавина. Практикувајте ја оваа навика и уживајте во чувството што го дава носењето на вашите омилени хулахопки.