Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
07.11.2019

Трикови за обликување на линијата

ога помислувате дека за да го облечете вашиот омилен фустан ќе треба да намалите некој килограм, обидете се со нешто што делува веднаш - облечете долна облека за обликување на линијата која што телото малку ќе го стисне и обликува таму каде посакувате. Ако сакате и рабовите да бидат невидливи под облеката, изберете ги моделите кои што се изработени од италијанскиот револуционерен материјал »clean cut« кој што не се набира, а под облеката е невидлив благодарение на  рабовите без шав  и завршетоците без ластик.

И кои се тие парчиња кои што ќе ја чуваат вашата тајна?


 


Bodiliner "Bella"
Bodiliner

Сакате нешто цврсто, а воедно и удобно за да ја обликувате линијата? Bodiliner-от ќе стисне баш таму каде што треба. Поставениот преден дел нежно го притиска стомачето   и помага да имате заводлива линија без видливи масни перничиња. И не само тоа, можете да го носите со вашиот омилен градник секој ден, како и на посебни настани на кои би сакале посебно да заблескате.


 

Bodiliner гаќички "Bella"Bodiliner гаќички

Bodiliner гаќичките имаат поставен преден дел со  »shaper« ефект на обликување, кој делотворно го обликува стомачето и струкот. Потполно се невидливи под горна облека. 


 


Bodi со пенесто обликувани корпи "Bella"
Bodi со пенесто обликувани корпи

Убаво го опфаќа телото обликувајќи прекрасна линија. Го прикрива стомачето и го коригира телото сé до под градите. Пенестите корпи убаво ги држат градите и прават заводливо деколте.