Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
27.8.2020

Краток водич за избор на вистинската дебелина на хилахопките

Краток водич за избор на вистинската дебелина на хилахопките
Познато е дека хулахопките (чорапите со гаќички) претставуваат идеално решение да останете модерни и во студените денови, а истовремено и да ви биде топло. Но постојат илјадници хулахопки и различни можности за избор, па лесно може да се „изгубите“. Значи, како да се изберат вистинските хулахопки?

Ако при купувањето хулахопки се чувствувате изгубено и збунето, веројатно ќе се развеселите ако ви кажеме дека постои систем со чија помош брзо ќе го најдете она што ви е потребно.

Системот се нарекува ДЕНИЕР.

Ако го разберете дениер, ќе можете да изберете идеални хилахопки за секој ден во годината.




Што е ДЕНИЕР?

Дениер е единица мерка со која се опишуваат проѕирноста, цврстината, дебелината и топлината на вашите хулахопки. Често е претставен како ДЕН.

Колку поголем ДЕН имаат вашите хулапки, толку се подебели и помалку проѕирни.

Колку помал ДЕН имаат вашите хулахопки, толку се потенки и стануваат поневидливи. Сосема едноставно!



ДЕН со поголем број

Подебелите хулахопки со поголем ДЕН ќе бидат непроѕирни и потопли. На пример: ако изберете ДЕН 40, ќе добиете потопли хулахопки, како создадени за студено време. Хулахопките со поголем ДЕН се посилни и поиздржливи, ќе ве штитат од студ и ќе ви овозможат удобност.

Во студените декемвриски и јануарски денови одлучете се за хулахопки колку што е можно со поголем ДЕН-број.




ДЕН со помал број

Хулахопките со помал ДЕН-број се потенки и попроѕирни. Тие се како создадени за пролетните и летните месеци, па и за почетокот на есента. Такви хулахопки ќе сакате да носите од април до ноември за целосен дневен изглед, додека за сексапилен вечерен изглед може да се користат во текот на целата година. Хулахопките со помал ДЕН-број треба да се користат со поголемо внимание и правилна нега, поради помалата густина на предивото. Имено, со помала густина се постигнува проѕирен изглед и дебелина соодветна за топлите денови.




Препорачуваме:

< 30 ДЕН: проѕирни, лесни хулахопки за потоплите денови
30 – 40 ДЕН: полупроѕирни хулахопки за преодните денови
> 40 ДЕН: подебели, непроѕирни хулахопки за постудените денови





АКЦЕНТ 1: Ако сакате да носите хулахопки, а сепак да оставите впечаток како да немате и дека нозете ви се боси, изберете проѕирни невидливи хулахопки во боја на кожа.

АКЦЕНТ 2:Хулахопките со помал ДЕН можете да ги носите во текот на целото лето за да го дополните вечерниот изглед.