Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
27.8.2020

Што мора да знаете за да ja изберете вистинскаta големина на хулахопките

Што мора да знаете за да ja изберете вистинскаta големина на хулахопките
Чорапите со гаќички (хулахопките), несомнено, се дел од облеката што создава добар впечаток. Кога се одлучувате за купување, земете ги предвид:

• квалитетот на хулахопките
• вашиот стил
• вистинската големина.

При купувањето хулахопки најважна е големината!

Повторуваме: НАЈВАЖНА Е ГОЛЕМИНАТА!

Носењето премали хулахопки не само што значи дека најверојатно ќе ги скинете штом ќе излезете од дома туку и чувството при носењето е особено непријатно. А непријатното чувство во текот на целиот ден брзо почнува да се одразува и на вашето расположение.

Големините на хулахопките што вообичаено се во понудата се обележани со ознаките: S, M, L, XL и 2XL, а големината се одредува сразмерно со висината и тежината. Ако налетате на хулахопки чиј слоган е „една големина им одговара на сите“, внимавајте понатаму и добро проверете дали навистина ви се добри.

Значи, дали сте подготвени да се чувствувате удобно во хулахопките?

Подолу прочитајте сѐ што мора да знаете за да ја изберете вистинската големина на хулахопки за себе.




ГОЛЕМИНИТЕ СЕ РАЗЛИКУВААТ

Големината на хулахопките не е еднаква на големината што ја избирате кога купувате нови фармерки. Големините се разликуваат и меѓу различни производители на хулахопки.

Различните хулахопки се изработени на различни начини, од различно предиво и различни материјали. Затоа, СЕКОГАШ проверете ја табелата со големини пред да се одлучите за купување. Табелата на големини се заснова на висината и на тежината, а обично се наоѓа на заднината на амбалажата.

Ако сакате да ја одредите големината на хулахопките, во табелата пронајдете ги вашата висина во сантиметри (см) и вашата тежина во килограми. Побарајте каде се вкрстуваат висината и тежината и одредете ја својата големина.

Не плашете се ако конечната големина е поголема од вообичаено - тоа е сосема нормално.


Tabelata so golemini



ПОГОЛЕМОТО Е ПОДОБРО

Ако при исчитувањето на големините заклучите дека сте меѓу две големини, или на горната граница од подрачјето на големината, секогаш одлучете се за ПОГОЛЕМАТА големина. Со оглед дека хулахопките прилегаат припиено на вашите нозе, секогаш е подобро да се поголеми, отколку помали.




ИЗГЛЕДОТ МОЖЕ ДА ЛАЖЕ

Хулахопките може да бидат со различни облици и материјали, а кога ги вадите од амбалажата, понекогаш може да ви изгледаат премали или преголеми, затоа не дозволувајте нивниот изглед да ве залаже.

Хулахопките не се производ што може да се измери или да се спореди кога ќе го ставите на маса покрај други, зашто се растегнуваат и се обликуваат според вашето тело. Ако правилно ја следите табелата, тогаш во рацете најверојатно ќе ја имате вистинската големина.




ПОГОЛЕМАТА ГОЛЕМИНА НА ХУЛАХОПКИТЕ Е ПОИНАКВА

На жените со поголеми облини и оние што обично носат поголеми големини им е потребна поголема поддршка отколку на оние со помали броеви. Значи, купувајте хулахопки што се на располагање со поголема големина. Често имаат дополнителна влошка и засилени шевови, што овозможува хулахопките подобро да прилегаат при носењето.

Симболот за поголемите големини побарајте го на заднината на амбалажата.