Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
26.4.2020

Како забавно да се помине периодот #останидома

Како забавно да се помине периодот #останидома
Каде денес? На одмор!

Доколку дома имате мали палавковци, со кои во последните недели заедно поминувате многу повеќе време отколку вообичаено,најверојатно веќе немате идеи (и нерви). За да ви го разубавиме деновите предлагаме да се упатите на одмор!

1. ОДБЕРЕТЕ ДЕСТИНАЦИЈА
Секој член на семејството на лист нека ја запише својата дестинација од соништата. Сакате на Малдиви? Без двоумење напишете - овој пат нема да одлучува паричникот. Листот ставете го во кутија или вреќичка, а потоа најмладиот член од семејството нека ја извлече вашата дестинација за одмор.

2. ОПРЕМЕТЕ ГО АПАРТМАНОТ
Бидејќи летувањето ќе биде во вашата дневна соба или градина, “апартман за одмор” треба тематски да се опреми. Земете ножици, картон, боици…….и направете голема плоча со натпис(за да видат вашите пријатели на skype , каде сте на одмор). Евентуално нацртајте уште некоја палма, галеб, риби - или за атмосфера искористете го фикусот или златната рипка.

3. СПАКУВАЈТЕ ГИ КОФЕРИТЕ
Добро коферите може да останат и на таван, но на “одмор” ќе биде многу позабавно доколку се облечете соодветно. Извлековте летување на море? Задолжително облечете костим за капење! Не заборавајте на очила за сонце, пешкир,пиштол на вода…..и секако сладолед! Заборавете на годините - забавувајте се како да сте на вистински одмор!

Кога ќе се изморите од лудориите, на децата предложете им да го нацртаат своето летување од соништата. Може и да им ја ОТПЕЧАТИТЕ горната ИЛУСТРАЦИЈА која може да ја обојат и да ја креираат својата омилена варијанта на костим за капење. А вие конечно во мир ќе го испиете кафето.

Отпечатете ја боенката

П.С.: Инспирација може да биде НОВАТА колекција на костими за капење.