Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
17.10.2020

Зачекори со новите LISCA хулахопки

Зачекори со новите LISCA хулахопки

"Со спектакуларна pop-up dance сензација , LISCA ја претстави новата колекција на хулахопки и чорапи во трговскиот центар „Сити Мол“. Настанот се одржа пред продажниот салон на LISCA, организиран според протоколите за заштита од Ковид-19.

Посетителите на трговскиот центар, како и лојалните потрошувачи на LISCA уживаа во презентирањето на новата колекција на хулахопки и чорапи, кое беше изведено од страна на танцова група – балерини, од танцовиот клуб „Dancers United - Dance & Fitness Studio“. Пет балерини беа облечени во хулахопките на LISCA и преку танц и елегантни движења, магично ги доловија убавината и квалитетот на новите производи. Бајката траеше половина час на големо задоволство на сите кои што го проследија.

Ова е прв пат LISCA да воведе линија на хулахопки и чорапи во својот асортиман. Несомнено, високиот квалитет на LISCA производите и овој пат не изостанува. LISCA во своите продажните салони нуди basic потенки и подебели хулахопки, хулахопки со чипка, ексклузивни хулахопки Selection 40, хулахопки без шавови, хулахопки за обликување на линијата, мрежести хулахопки, како и модерните хулахопки со гаќички и неизбежните самостоечки чорапи.

65 годишната традиција на LISCA, досега докажа дека за успешното работење заслужни се постојаниот врвен квалитет, елеганција и уникатноста на производите кои што ги нуди оваа компанија на своите потрошувачи. Со оваа колекција LISCA доближи до потрошувачите уште една колекција на женственост, убавина и елеганција за секоја дама.

Разгледајте ја целата нова колекција и пронајдете ги вашите совршени LISCA хулахопки и чорапи.