Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
03.4.2019

„Бидете жената која ја дава силата на другите!“




Тимот на LISCA изминатиот викенд го помина во добро друштво, позитивни вибрации и една заедничка цел „за посилна жена“.

„Со Lisca тимот сакаме да ги мотивираме жените, без разлика дали се менаџери на компанија, мајки на четримесечно бебе, или пак матурантка која го превзема следениот чекор во своето образование. Вниманието и работата на себе е нешто кое ве поттикнува да бидете посилни и да ги исполните сите соништа.“, вели Даниела Димовска Колиќ, извршен директор на Lisca Македонија.

„Секој момент треба да ја обезбедуваме потребната поддршка и поттик да работиме на себе, за достигнување на целите. Време кога црпиме инспирација од жените кои се во нашиот живот и нашата близина е клучен. Жени кои ги следиме и се наш патоказ како да станеме посилни. Примери од кој учиме за посветеност, упорност, работа, решителност. Бидете жената која ја дава силата на другите!“


LISCA тимот „За Посилна жена“ сочинет од фитнес тренерите Драгана Младеновска и Маја Самарова и моделот Бојана Нушкова  облечени во спортски хеланки и спортски топ без жица од колекцијата „Miss Sporty“ заедно со вработените во LISCA, на 31.03.2019  беа дел од Авицена Женска трка со една порака за сите жени „да ја најдат моќта во себе“.