Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
13.10.2022

Ги прегледуваш ли редовно градите?

Ги прегледуваш ли редовно градите?

 

Во светот на Лисца, скоро цело време сé се врти околу градите и како да им биде најудобно во градникот или костимот за капење. Сепак треба да дојде октомври за и ние кои се занимаваме со женските гради да се потсетиме дека треба да одвоиме неколку минути месечно за нивно прегледување.

Самопрегледувањето помага за рано откривање на ракот на градите и треба да ни прејде во навика. Со самопрегледувањето треба да се почне во младоста и да се продолжи до менопаузата секој седми до десети ден по почетокот на менструацијата, а потоа и одреден ден во месецот.

Доколку сеуште не се самопрегледуваш одвој неколку минути и прочитај ги кратките совети за правилно прегледување на градите.

 

4 чекори за самопрегледување на градите:

Samopregled prsi
1. чекор
Застанипред огледало и убаво погледни ги градите за да се увериш дека на нив нема видливи промени – црвенило, отоци, вовлечена кожа или брадавици, исцедок од градата.... Потоа спој ги рацете над главата и повторно провери дали има некакви промени.


Samopregled prsi
2. чекор
Подигни ја десната рака, левата дланка стави ја на десната града и  со  кружни движења на исправени и споени прсти опипај ја целата града почнувајќи од надворешната страна  па сé до брадавицата. Тоа најлесно ќе го направишна насапунети гради под туш, бидејќи дланката лесно ќе ти лизга по кожата.

Samopregled prsi
3. чекор
Наведни се напред и со десната рака подигни ја десната града. Со нежни кружни движења на левата рака благо притискај ја градата.


Samopregled prsi
4. чекор
Наведни се напред и спуштете ја левата рака. Со споени прсти на десната рака опипај под левата пазува, потоа повторете го прегледот и со раширени прсти.

Целата постапка повторете ја и со другата града.

При самопрегледувањето на градите обрни внимание на промена на големината,обликот и бојата на кожата, евентуално грутчиња па и промена на брадавиците – нивно вовлекување, исцедок, промена на големината и слично. Веќе со првото прегледување на градите ќе забележиш дека се разликуваат по големина и облик, а често имаат и поцврсти делови. Затоа на следното месечно самопрегледување обрни внимание на евентуални промени.

Добро прегледни ги и опипај ги двете гради, а во случај на евентуални промени веднаш да се посоветуваш со лекар.

Погрижи се да носиш градник со права големина и модел во кој се чувствуваш навистина удобно.