Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.
28.10.2019

Разговор со модната дизајнерка Сузана Горишек

Разговор со модната дизајнерка Сузана Горишек
Љубопитни сте како настануваат модните колекции на долна облека? Кои се луѓето кои ја создаваат нашата најинтимна облека? Некои тајни од модните дизајнери ни ги довери креаторката Сузана Горишек која ја дизајнира колекцијата Lisca Selection. Разговаравме со неа за инспирацијата, дизајнот, трендовите и изборот на долна облека.



1. Како станавте модна дизајнерка за долна облека?

Клучно е тоа што се најдов во компанија која произведува долна облека. Баш кога почнав да барам работа дознав дека во Lisca бараат креатор. Се пријавив, отидов на разговор и ја добив работата. Со задоволство ја работам и денес, секогаш е нов предизвик.



2. Што ве инспирира при дизајнирање на вашата колекција?

Првите инспирации ги добиваме на саемите кои што ги посетуваме, каде што се запознаваме со трендовите на материјалите, боите, кроевите. Подеднакво е важна и стручната литература – т.н. trend bookovi и специјализираните веб страни кои ги најавуваат главните модни трендови за следните сезони. Врз основа на тие искуства барам материјали кои се и рентабилни и визуелно соодветни за линијата Selection. Понатаму во суштина те инспирира самиот материјал кој што ти е на располагање, кој го имаш пред себе... Од него зависат какви ќе бидат креациите. Следуваат ситните детали: украсен ластик, врвки, кристалчиња...Кројот и ситните детали се тоа што го прават моделот да има одлично прилегање и убав визуелен изглед. А понекогаш интересни идеи се раѓаат погледнувајќи во сé она што не опкружува.



3. За какви жени е наменета линијата Selection?

Линијата Selection е наменета за оние жени кои од долната облека сакаат нешто многу повеќе, кои при носењето на долна облека сакаат да уживаат, да се чувствуваат силни и самоуверени како и да си угодуваат себеси, а и на другите.



4. Кој модел ви е омилен од овогодинешните колекции и зошто?

На мене најдрага серија од овогодинешните колекции ми е Luxury dream. Тешко ми е да се одлучам за еден модел. Но, мислам дека тенкиот декоративен вез во комбинација со пријатен микро материјал и префинет тул во боја на кожа, кој на кожата не се гледа, а дава ефект на татоо, е тоа што го сака секоја жена која носи Selection.


Kreatorka Suzana Gorišek


5. А која е вашата омилена боја на долна облека? Каква долна облека сакате најмногу?


Отсекогаш ми се допаѓала црната долна облека, каква и да е, мазна, едноставна или со чипка, односно везена. Црната долна облека секогаш е убава и заводлива. И самата сакам да ја носам. Иако е невидлива и само јас знам за неа, се чувствувам убаво. А во лето под светла и проѕирна облека се одлучувам за неутрални бои, најчесто со чисти, едноставни линии, но понекогаш и подекоративни - во зависност од пригодата и од горната облека која ја носам.



6. Дали мислите дека моделот, бојата, материјалот на долната облека зборуваат за карактерот на жената која ја носи?

Апсолутно мислам дека е така. Се разликува долната облека во плакарот на пример со спортски тип на жена, која првенствено сака удобност, едноставно кроена долна облека со неутрални или свежи бои и од природни материјали со онаа романтична, нежна жена која е љубител на нежни бои и дезени, лесна чипка и вез или самоуверена дама која сака да предизвика внимание со атрактивни модели, бои и материјали.



7. Кои се главните трендови оваа сезона? Имате ли впечаток дека жените ги следат трендовите – или бираат долна облека која им прилега?

Модата и трендовите постојано се менуваат, а после некое време и се враќаат. Секако дека модерните бои, кроевите и моделите не привлекуваат и повеќето сакаат да имаат по некое модерно парче во плакарот, но долната облека е секогаш оној дел од гардеробата кој најважно е да прилега убаво на телото. Тоа што е модерно не прилега идеално на секоја градба, ниту секоја боја на тенот на кожата. Сé помодерни се градниците без жица , а се враќаат во мода и гаќичките со висок ножен изрез што не одговара на секого. Затоа мислам дека секоја жена ја привлекуваат тренди парчињата, но со оглед на градбата од серијата го избира моделот кој најмногу и одговара и прилега. Поради тоа и ние ги правиме сериите така што во нив може да се »пронајде « секоја потрошувачка со различни желби и потреби.



8. Веќе размислувате за идните колекции? Како ќе изгледаат?

Иако сеуште работам на деталите од тековната колекција, истовремено во мислите барам нови идеи за понатаму. Кога и да ми дојде нова идеја, детаљ, ја меморирам, цртам. Секако на крајот сé зависи од тоа со какви материјали и додатоци ќе располагаме следната колекција. Но,во секој случај, стилот на линијата Lisca Selection мора да остане препознатлив.