Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.

Услови и правила


1. ОПШТИ УСЛОВИ
Содржината на Интернет страната lisca.com и cheek.eu и сите нејзини варијанти (во натамошниот текст: lisca.com) се во сопственост на компанијата Лисца а.д. Прешернова 4, 8290 Севница, Словенија, а Лисца Скопје, Прашка 23, Скопје, Р. Македонија е фирма ќерка на      Лисца а.д. Словенија и е сопственик на Интернет страните lisca.com.mk и  lisca.mk.
Со употреба на Интернет страните lisca.com.mk и lisca.mk корисниците ги прифаќаат објавените општи деловни услови. Лисца д.о.о. Скопје  и корисниците во согласност со овие општи услови  ги регулираат меѓусебните обврски при купување во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk).
 
Производите во Интернет продавницата  lisca.com.mk (lisca.mk)  можат да ги купуваат исклучиво корисниците од Р. Македонија.
 
Општите услови за продажба се во согласност со македонскиот закон.
 
Лисца д.о.о. Скопје го задржува правото да изврши измена на општите услови на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk) во секое време и без претходна најава. Секоја измена на општите услови е обврзувачка за корисниците.
 
2. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТИТЕ
Лисца д.о.о Скопје  не превзема никаква одговорност за можни последици при користење на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk) и нејзината содржина.
Лисца д.о.о.Скопје  го задржува правото за промена на содржината на Интернет страната без претходна најава и не превзема одговорност од можни последици од тие промени. Лисца д.о.о. Скопје ќе настојува да прикаже најточни и најажурни информации, така да можните грешки на Интернет страната во поглед на цени, рокови на испорака, описи на производи и друго, не ги исклучува и за нив не превзема никаква одговорност.
 
Фотографиите на производите се со илустративен карактер и не мора секогаш и во сите детали да соодветствуваат со вистинските производи. Поради можноста за индивидуално прилагодување на мониторите како и  разликите во перцепција на боите гледани од човечкото око и сл. не можеме да гарантираме потполно согласување на боите на нашите производи со тоа како корисниците ги гледаат на својот монитор.
 
3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ
Посетителите на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk) содржината треба да ја користат исклучиво за лични, а не за комерцијални потреби. Содржината е заштитена со авторски права. Било каква друга употреба, копирање, објава или дистрибуција на интернет содржината или  нејзин дел без дозвола на Лисца д.о.о.Скопје  е забрането.
 
4. РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ
Во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk) едноставно можете да се пријавите како регистриран корисник. Содржината на Интернет продавницата е достапна и на анонимни нерегистрирани корисници (гости). Регистрираниот корисник во постапката при регистрација ги пополнува бараните податоци. Секој регистриран корисник добива корисничко име и лозинка која е тајна. Корисникот мора да биде свесен дека со неговото корисничко име и лозинка располага само тој или лице кое тој го овластил. Секој корисник лично одговара за содржината која ја внесува на страната lisca.com.mk (lisca.mk).
 
Крајниот потрошувач во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk) е исклучиво регистриран корисник кој купува производи за лични потреби.
 
Во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk) купувачот е исклучиво  физичко лице.
 
5. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
Податоците кои корисникот ги внесува преку обрасци на Интернет страната  lisca.com.mk (lisca.mk) или на некој друг начин (преку e-mail, телефон, итн.) се доверливи и заштитени согласно законските одредби.Личните податоци ќе бидат употребени само за таа намена за која корисникот ја дал својата согласност.
За заштита на личните податоци одговорен е и самиот корисник  на тој начин што ќе ги заштити своето корисничко име и лозинка.
 
Лисца д.о.о. Скопје за пренос на личните податоци на корисниците користи  SSL технологија (Secure Socket Layer), со кој се кодираат сите информации испратени со нарачките.

Исто така запознајте се со условите на Lisca е-продавницата за ВРАЌАЊА, ИСПОРАКА и начини на ПЛАЌАЊЕ.

5. ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
Корисниците можат да се пријават за е-новости со кои Lisca ги информира за новостите во понудите на продажните места и е-продавницата, маркетинг активности и други промоции. Со претплата на е-новости корисникот се запишува во листата на е-новости која е воедно и база за потрошувачки бенефити кои Lisca повремено ги нуди на своите потрошувачи. Едно лице има право на бонитет во поединечна акциска активност само еднаш, без оглед на бројот на впишани електронски адреси поврзани со индивидуално физичко лице.