Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.

Правилник за приватност

Какви податоци собираме?

Лисца а.д. за потребите при работењето ги собира следните личните податоци: име и презиме, адреса и место на живеење, е-пошта, телефонски број за контакт, лозинка во шифриран облик и останати податоци кои корисникот ги внесува во обрасците на веб страната на Lisca.com. Lisca не е одговорна за точноста на податоците кои ги внесува корисникот.

Со цел да се осигура поголема безбедност и доказ за безбедност се собираат и IP адреси со кои корисниците пристапуваат до веб-страницата. На секој корисник на почеток на посетата му се дава колаче за сесија за идентификација и следење на потрошувачката кошничка.  Лисца а.д.  може да припреми и други колачиња на корисничкиот компјутер, како што се идентификациски број на корисникот во шифриран облик (за препознавање на корисникот при следната посета) и колачиња на системот Google Analytics (анализа на посетите на веб страната).

Колачињата за сесија се во меморијата на серверот само додека трае посетата и се бришат после едночасовна неактивност, додека трајните колачиња се чуваат во компјутерот на корисникот 2 години, потоа стануваат неактивни.
Проверете го списокот на користени КОЛАЧИЊА.


Начин и намена на обработката на личните податоци

Со користење на веб-страната на Lisca.com, корисникот се согласува со моменталните важечки правила и општите услови објавени на оваа интернет страница. Тука корисникот може редовно да ги следи евентуалните измени на општите услови и правила, како и начинот и намената на обработените лични податоци.

Лисца а.д. како оператор на податоцитете, може да ги користи во анонимна форма за статистички анализи. Податоците за корисниците Лисца а.д. во никој случај нема да ги даде на неовластени лица.

Пријава на е-новости:


Корисниците можат да се пријават за е-новости, со кои  Lisca се до нивното отповикување им  дава известувања за новитетите во понудата  на веб страната и другите  продажните места, за маркетинг активности и други промоции. Со пријавувањето на е-новости, корисникот се запишува во листата на приматели за е-новости, која истовремено е и база  на корисници за погодности  кои Лисца им ги нуди на своите корисници (попусти за лојалност, месечни наградни игри ...). За пријава на е-новости Лисца а.д ги собира следните податоци: e-адреса, IP, а во случај ако корисникот се пријавува како регистриран член и име и презиме, адреса, телефон и датум на раѓање.

По поднесување на образецот од електронска адреса, корисникот на наведената адреса ќе прими порака за потврда со која се потврдува дека до отповикување ( таканаречен opt-in одобрение) е пријавен за Лисца е-новости. Секогаш можете писмено или со кликнување на копчето Одјави во e-новости , да побарате од операторот на лични податоци трајно или привремено да престане со користење на вашите лични податоци за целите на директниот маркетинг. Барањето ќе биде задоволено во рок од 15 дена од денот на прием на барањето, како што е пропишано со закон. Корисникот може да побара пренос на податоците или запознавање со нив. Операторот Лисца а.д се обврзува дека внимателно ќе ги чува податоците во согласност со законите со кои се уредува чувањето на личните податоци.

Е-новостите Лисца а.д ги испраќа преку веб-апликацијата MailChimp.

Учество во наградните игри:

Обработката на податоците кои се собрани со учество во наградните игри се регулира со правилниците за наградни игри.
Регистрација на корисникот:

Во е-продавница Lisca.com секој може да се регистрира како корисник. Содржината на е-продавницата  достапна е и за анонимни нерегистрирани корисници (гости). Регистрираните корисници во процесот на регистрација ги проследуваат бараните податоци. Секој регистриран корисник  добива свое корисничко име и лозинка, кое е тајна. Корисникот е должен да гарантира дека со своето корисничко име и лозинка  ќе управуваа лично  или од него овластено лице. Секој корисник е лично одговорен за содржината што ја запишува на Lisca.com. Купувач  во е-продавницата Lisca.com е регистриран корисник или нерегистриран корисник (гостин) кој купува стоки за своja потреба  или непрофитна дејност. На веб-страната Lisca.com, купувач е исклучиво физичко лице.

Во случај корисникот да се регистрира, компанијата Лисца а.д   внесените податоци до отповикување ќе ги користи за обработка на нарачките на корисникот , подготовка на порелевантни понуди и маркетинг анализи кои ќе помогнат да се подобри  продажниот процес. Податоците можат да се користат и за понатамошен маркетинг. Лисца а.д   податоците ги чува до отповикување или одјавување во согласност со словенското законодавство.Корисникот по писмен пат во секое време може да се одјави со маил на [email protected] или со кликнување на копчето Избриши сметка. Во случај корисникот да сака да ја избрише корисничката  сметка, електронското известување мора да ги содржи следните податоци: наслов на пораката треба да биде - Отповикување на сметка; во содржината на известувањето мора да се наведе име и презиме на корисникот, адреса и електронска адреса на која корисникот се регистрирал, пораката мора да биде испратена од електронската адреса од која  корисникот се пријавил како регистриран член.


Купување како гостин


Доколку корисникот нарачката ја проследи како гостин, компанијата Лисца а.д    внесените податоци ќе ги искористи за обработка на испратената нарачка. Лисца а.д како даночен обврзник мора  согласно со член 86 од ЗДДВ да гарантира чување на сметки кои се однесуваат на испораката на стоки или услуги на територијата на Република Словенија најмалку 10 години по истекот на годината на која  се однесуваат сметките - а со тоа се чуваат и податоците кои се на сметката.


Обрасци за контакт и посредување со е-пораки

Корисникот може специфичните прашања да ги постави на Lisca а.д. преку обрасци за контакт или електронски пораки објавени на веб-страницата и на тој начин му ги довери податоците на операторот. Тие ќе бидат искористени за решавање на прашања од корисникот. Е-адресите наведени на веб-страната не се лични, туку деловни и не се поврзани со едно лице. Посредуваните информации можат да ги обработуваат различни луѓе - со цел брзо и ефикасно решавање на корисничките прашања. Со праќање на е-пошта преку веб-образец или на адресите наведени на таа web страна, корисникот се согласува со општите услови за користење на веб-страниците Lisca.com.

Права на корисникот

Корисникот може во секое време да побара информација за личните податоци кои операторот ги обработува, нивно ограничување, бришење, корекција или пренос на податоците. Сите прашања во врска со чувањето на личните податоци на веб-страницата Lisca.com корисникот може да ги постави и на електронската адреса [email protected]


Како да се осигура безбедност на податоците

Податоците доставени од страна на корисникот преку обрасци на веб - страницата Lisca.com или на друг начин (преку e-пошта, телефон, итн), се доверливи и ќе се обработуваат во согласност со важечкиот закон на Р.Словенија. Личните податоци Lisca а.д. ќе ги чува и ќе спречи нивна злоупотреба. Личните податоци ќе се користат само за цели за кои корисникот дал согласност. Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од Lisca а.д. со корисничко име и лозинка (вработени, договорни партнери). За чување на личните податоци е одговорен и корисникот, кој мора да се грижи за чување на своето корисничко име и лозинка.

Lisca а.д.  за пренос на личните податоци употребува SSL технологија, со која се кодираат сите информации испратени со нарачката. Податоците од платежните картички внесени од корисникот во случај на таков начин на плаќање се пренесуваат во кодирана форма од компјутерот на корисникот директно до авторизацискиот сервер на банката.

Доставување информации до овластените партнери

Информациите што корисникот му ги доверува на операторот се доверливи. Lisca а.д. не ги посредува на неовластени трети страни. Личните податоци може да ги посредува на доверливи партнери или по законска должност, во согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци. Податоците може да бидат посредувани на :
- ќеркински компании поради обработка на нарачката од купувачи поврзани со одредена компанија-ќерка;
- компании за обработка на податоци и информациски услуги кои обезбедуваат непречено функционирање на веб страницата и нејзино подобрување (пристап до сервер, e-mail маркетинг ...);
- маркетинг агенции за целите на понатамошен маркетинг (во криптирана форма)
- компании кои обезбедуваат непречен процес при купување (Paypal, служби за достава, итн) - но само до одреден степен кој е потребен за успешна достава на нарачката;
- Овластени институции, ако е така наложено со закон (суд, итн.).

Сите партнери кои имаат пристап до личните податоци обврзани се грижливо да постапуваат со нив во согласност со европското законодавство.

Одобрување

Со користење на веб-страниците на Lisca.com, корисникот се согласува со општите услови за користење објавени на оваа веб страна. На таа страна корисникот може редовно да ги следи евентуалните промени на општите услови и последователно начинот и намената на обработка на собраните лични податоци.

Поврзаност со социјалните мрежи

Со кликнување на иконата за одредени социјални мрежи (Facebook, Instagram) која се наоѓа на веб-страницата на Lisca, корисникот може лесно да пристапи до профилот на компанијата Lisca а.д. на социјалните мрежи како и до објави на други профили на социјалните мрежи со содржини поврзани со Lisca а.д. Со клик на тие копчиња-икони на социјалните мрежи се овозможува на корисникот брзо да му се понудат релевантни информации согласно со web активностите од страна на корисникот.

Оператор на лични податоци е:

Лисца а.д. , Прешернова 4, 8290 Севница, Словенија, SI 66676177.
Доколку имате какви било прашања во врска со приватноста и обработката на личните податоци можете да се информирате на [email protected]