Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.

ОТКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ, ВРАЌАЊЕ НА СТОКАТА И РЕКЛАМАЦИИ


1. ОТКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ вописмена форма
 
Купувачот има право во рок од 8 работни  дена, во согласност со член 92 од Законот за заштита на потрошувачите да се повлече од купување со писмено известување на е-mail адреса [email protected] .
Рокот од 8 работни дена започнува да тече од денот на превземање/достава на нарачаната стока .
 
Во електронското пишано известување за откажување од купување на недвосмислен начин треба да се наведе одлуката на купувачот за откажување од купување (со ваше име и дата на  испратената нарачка) и пополнете го образецот за откажување од купување кој ќе го најдете тука.
 
2. ВРАЌАЊЕ НА СТОКАТА
 
Ако купувачот веќе ја превзел стоката и се откажува од купување, мора да ја врати во претпријатието во рок од 15 дена од денот на испорака/достава на стоката.
Лисца д.о.о. Скопје ќе изврши враќање на средствата во рок од 30 дена по приемот на образецот за откажување од купување. Лисца д.о.о.Скопје нема да изврши поврат на средствата се додека стоката не биде вратена.
 
При враќање производите мора да бидат неупотребувани, неоштетени и во оригиналната амбалажа со сите пришиени и висечки етикети.
Производите  кои се враќаат да ни се достават уредно спакувани во картонска  амбалажа.Производите кои се враќаат и кои се  неуредно спакувана и кај кои дошло до видливо механичко оштетување при транспортот, нема да бидат превземени и ќе му бидат вратени на испраќачот.
Со вратениот производ  задолжително во прилог треба да ни се достави сметката и пополнетиот образец за откажување од купување кој можете да го најдете тука.
Пратката испратете ја до:
Лисца д.о.о. Скопје
Прашка 23
1000 СКОПЈЕ
 
Трошоците за враќање на стоката се на сметка на купувачот.
За вратена стока не ги прифаќаме пратките со поштарина која треба да ја плати претпријатието.
 
Производ со печатени или везени мотиви направени само за вас не е можно да се менуваат или враќаат бидејќи производот е направен и прилагоден по желба на вашите лични потреби.
 
3. РЕКЛАМАЦИИ НА КУПЕНА СТОКА
 
Лисца д.о.о. Скопје одговaра за можните фабрички грешки (недостатоци) на производи купени во Интернет продавница lisca.com.mk (lisca.mk). Ако купувачот има каков било приговор  согласно  член 42 од Законот за заштита на потрошувачите,  молиме да не  извести преку е-пошта  на  адреса [email protected]
Потрошувачот задолжително во приговорот детално да опише за каква грешка станува збор со што ќе му овозможи на продавачот истата да ја провери.
Молиме купувачот да го пополни образецот за рекламација кој се наоѓа тука и пополнет да ни го достави со стоката за рекламација и сметката на адреса: Лисца д.о.о. Скопје, Прашка 23, 1000 Скопје, со назнака Интернет продажба во рок од 15 дена од денот на писменото известување.
Нарачката за купување се чува во Лисца д.о.о. Скопје, а купувачот може во секое време да дојде до нарачката преку својата сметка во Интернет продавницата.По приемот на рекламираниот производ Лисца д.о.о.Скопје согласно член 45 став 2 од Законот за заштита на потрошувачите  во рок од од 8 дена писмено ќе ве извести дали рекламацијата е основана.Во случај рекламацијата да е основана истата ќе се решава согласно член 43 од Законот за заштита на потрошувачите.Во случај рекламацијата да не е основана стоката ќе биде вратена на потрошувачот. Производот  коj се рекламира  да ни се достави уредно спакуван во картонска амбалажа.Сите рекламации кои се неуредно спакувани и кај кои дошло до видливо  механичко оштетување при транспортот нема да бидат превземени и ќе бидат вратени на испраќачот.Трошокот за поврат на стока за рекламација го покрива Лисца д.о.о.Скопје.