Loading..
For shipping to United States, please visit our Lisca English store.

Упатства за мерење






 Упатства за мерење: 
 
 A. граден обем
  B. обем под гради
  





Одредување на вистинската големина на градникот
Најпрво ја одредуваме основната величина, која се темели на обемот под гради B. Мериме преку грбот и напред под гради. Така ја добиваме основната големина: 65, 70, 75, 80, 85 итн. Големините се одредени така да одговараат во обем 2 сантиметри помали и 2 сантиметри поголеми од означеното. Тоа значи дека на пример 80 големина одговара на измерен обем 78-82 сантиметри под гради.

Потоа го мериме обемот на градите A. Кројачкото метро го ставаме преку грбот (на местото каде градникот обично се закопчува), па преку градите во висина на брадавиците до длабочина на градната коска меѓу градите.






Мерката потоа ја споредуваме со претходно измерениот обем под гради:
-    ако градниот обем е поголем од обемот под гради за 12-14 сантиметри, веројатно одговара корпа А,
-    ако е поголем за 14-16 сантиметри – корпа B
-    ако е поголем за 16-18 сантиметри – корпа C
-    ако е поголем за 18-20 сантиметри – корпа  D
-    ако е поголем за 20-22 сантиметри – корпа E, односно
-    ако е поголем за 22-24 сантиметри – корпа F

Имено, ако обемот под гради е 80 сантиметри, а градниот обем е помеѓу 96 и 98 сантиметри, најверојатно одговара градник со големина 80C.