18 октомври 2021
Спој ја есента и љубовта кон модата.
Комотниот крој и префинетиот материјал се клучни комбинации ако сакаш удобност и елеганција истовремено. Поиграј си, комбинирај ја твојата облека со патики, мокасини со златен детаљ или модерни чизмички… и уживај во твојата модна приказна.
Биди пример. Инспирирај.
При купување на облека треба да бидеме рационални. За да ја сочуваме планетата за следните генерации треба да купуваме облека која со креативно комбинирање и грижливо одржување ќе можеме да ја носиме во разни прилики и сезони подолго време.
Чувствувај се како божица.
Обожуваш сонце и ветер во коса. Веруваш дека ако се потрудиш сé е возможно. Излези од затворениот круг….Биди уникатна. Биди своја. Биди слободна...….