Летни фустани за плажа и додатоци

Show Filters
Филтери

Продукти 1-12 од 132

Постави опаѓачки редослед
  1. Кошула »Normandie«

    As low as 2.649,00 ден Regular Price 3.679,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.679,00 ден
    Quickview
  2. Кошула »Normandie«

    As low as 2.649,00 ден Regular Price 3.679,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.679,00 ден
    Quickview
  3. Кошула »Normandie«

    As low as 2.649,00 ден Regular Price 3.679,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.679,00 ден
    Quickview
  4. Наметка со кратки ракави »Normandie«

    As low as 2.649,00 ден Regular Price 3.679,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.679,00 ден
    Quickview
  5. Наметка со кратки ракави »Normandie«

    As low as 2.649,00 ден Regular Price 3.679,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.679,00 ден
    Quickview
  6. Наметка со кратки ракави »Normandie«

    As low as 2.649,00 ден Regular Price 3.679,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.679,00 ден
    Quickview
  7. Фустан »Normandie«

    As low as 2.886,00 ден Regular Price 4.009,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 4.009,00 ден
    Quickview
  8. Фустан »Normandie«

    As low as 2.886,00 ден Regular Price 4.009,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 4.009,00 ден
    Quickview
  9. Фустан »Normandie«

    As low as 2.886,00 ден Regular Price 4.009,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 4.009,00 ден
    Quickview
  10. Сукња »Normandie«

    As low as 2.548,00 ден Regular Price 3.539,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.539,00 ден
    Quickview
  11. Сукња »Normandie«

    As low as 2.548,00 ден Regular Price 3.539,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 3.539,00 ден
    Quickview
  12. Кошула »Japan«

    As low as 2.886,00 ден Regular Price 4.009,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 4.009,00 ден
    Quickview
Page
На страна

Летните фустани за плажа нудат неограничени можности топлите летни денови да ги поминете удобно и елегантно . Лесните кроеви на модерните летни фустани обезбедуваат удобност и и овозможуваат на секоја жена да зрачи со самодоверба додека шета по песок или покрај базен, оди на коктел или ужива во опуштена вечера со зајдисонце. Облеката за плажа е наменета за моменти кога сакате да се опуштите покрај морските бранови или да лежите на лежалка покрај базен, а може да биде и прекрасен моден додаток.

Прозрачните материјали на облеката за плажа , како памук, лен или вискоза, овозможуваат кожата да дише, а истовремено брзо се сушат што е идеално за летните деновите покрај море. Разиграните бои и дезени во комбинација со елегантни кроеви им даваат посебен шарм на фустаните за плажа, поради што се незаменлив дел од секоја летна гардероба, а овозможуваат лесно комбинирање со останатите летни додатоци. Во следните редови прочитајте кои женски фустани се неопходни за летниот одмор.

8 типа на фустани за плажа што треба да ги имате во вашата гардероба

Разновидните модели на женски летни фустани се гаранција дека секоја жена ќе најде нешто за себе. Модерните летни фустани за плажа, како макси фустани или наметки, обезбедуваат заштита од сонце и елегантен изглед. Кратки но сепак елегантни фустани како што се тесните фустани, кратките летни фустани со тенки прерамки се совршени за топлите летни денови. Наметките и летните туники за плажа даваат допир на боемски стил, додека кошулите за плажа нудат минималистички, но сепак свеж изглед.

Еве го нашиот предлог за 8 летни фустани за плажа кои треба да ги имате во вашата гардероба:

1. Макси или долг фустан на плажа

Макси фустанот е долг летен фустан за плажа и е синоним за лето. Изберете модели од лесни материјали, како памук или лен, кои овозможуваат кожата да дише. Дезенирани или еднобојни, долги фустани за плажа се идеални за вечерна прошетка покрај брегот.

2. Туника

Туниките за плажа се идеални за брзо менување на влажни бикини и други костими за капење. Тие можат да бидат пократки или подолги, но секогаш се направени од лесни материјали. Летните туники се одличен избор за оние кои сакаат удобност без да го загрозат стилот дури и на одмор.

3. Парео

Пареото е исклучително практично поради неговата повеќенаменска употреба , што го прави идеален за плажа. Може брзо и лесно да се завитка околу телото после капење, обезбедувајќи дискретна заштита додека сте уште влажна. Неговата прозрачна ткаенина нуди пријатна заштита од сончевите зраци и летниот ветер . Пареото е совршено за различни прилики - од лежерен одмор на плажа до шик изглед за посета на бар или ресторан.

4. Тесен фустан

Тесниот фустан е лесен, секси и елегантен , најчесто изработен од свила или сатен. Исклучително е модерен за плажа и одличен избор за вечерни настани бидејќи ќе му даде елегантен шмек на вашиот летен изглед.

5. Фустани со тенки прерамки

Фустан со тенки прерамки е совршен летен фустан за плажа. Ваквите фустани се исклучително лесни и воздушести, поради тоа се идеални за топлите летни денови. Изберете модели со интересни дезени или во живи бои за дополнителен wow ефект.

6. Наметка за плажа

Наметката за плажа е практична и повеќенаменска, а притоа едноставна бидејќи може лесно да ја облечете или соблечете . Нуди пријатна заштита од сонце и ветер, а истовремено е доволно прозрачна и ја задржува удобноста во жешките денови. Наметката за плажа е идеална за брзо пресоблекување, да отидете до бар или да ја носите како елегантен фустан над костим за капење.

7.Памучен фустан над костим за капење

Памучниот фустан за носење преку костим за капење е исклучително практичен поради неговата едноставност и леснотија, што го прави совршен избор за плажа. Може брзо да го облечете по пливањето и да бидете елегантно покриени додека сте уште влажни. Изработен е од памук , нуди пријатна заштита од сонце и ветер, а во исто време одржува свежина и удобност во текот на топлите летни денови. Памучните фустани за плажа се идеални за брзи промени на плажа. Тие се многу практични бидејќи брзо се сушат, што значи дека можете без грижа да одите од вода до коктел барот.

8. Кошула за плажа

Женската кошула за плажа е одличен избор бидејќи комбинира удобност и елеганција. Лесните материјали обезбедуваат ,опуштено носење што е од клучно значење за време на топлите летни денови. Со долги или кратки ракави и опуштени кроеви, кошулата овозможува брзо пресоблекување по пливањето и обезбедува заштита од сонце. Дополнително, кошулата за плажа додава допир на софистицираност во секоја пригода, без разлика дали тоа е лежерна прошетка покрај брегот или уживање во вечерен коктел со пријателите.

Соодветната боја на облеката за плажа обезбедува освежување

При изборот на фустан за плажа, панталони или парео, не заборавајте за изборот на бои кои значително влијаат на удобноста при носењето. Пастелни, беж или бели фустани за лето рефлектираат најголем дел од сончевите зраци, што помага да се одржи температурата на телото пониска и да се спречи прегревање. Тие се одличен избор за сончеви денови на море или покрај базен. Црните, темно сините или кафените летни фустани апсорбираат повеќе топлина, па затоа повеќе се препорачуваат за носење во поладни вечерни часови.

Боите како портокалова, црвена и жолта се светли ,енергични и популарни за опуштени летни активности поради нивните вибрации, а истовремено обезбедуваат освежувачки изглед. Облеката за плажа со дезени и принтови ќе ја разбие монотонијата на една боја, а чувството на топлина ќе изгледа помалку интензивно. Нежните цветни или морски мотиви се идеални за лето.

Фустаните за плажа ви овозможуваат да се изразите, а истовремено обезбедуваат заштита од сончевите зраци. Без разлика на стилот, важно е да изберете летни фустани кои ќе ја одразуваат вашата личност и ќе ве направат да се чувствувате самоуверено за време на вашите летни авантури.

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.