Пижами

Show Filters
Филтери

Продукти 1-12 од 60

Постави опаѓачки редослед
  1. Пижами »Holiday«

    As low as 2.337,00 ден Regular Price 3.339,00 ден
    Quickview
  2. Пижами »Holiday«

    As low as 2.337,00 ден Regular Price 3.339,00 ден
    Quickview
Page
На страна
Пижами

Сосема сигурно пижамите се најпопуларната облека за спиење. Меѓусебно се разликуваат по кројките и материјалите од кој се изработени: памук, модал, вискоза, свила, кашмир и слично.

Пижамата е облека за спиење која се состои од два дела: горен и долен дел. За студените денови се препорачува долен дел со долги ногавици и горен дел со долги ракави, додека за потоплите денови идеална е комбинацијата со долен дел со кратки ногавици и горен дел без ракави или со кратки ракави. Вистинската висина на пижамите (на долниот дел) е до струкот, така што ќе ве обвитка преку колковите и ќе се погрижи за опуштеност, зашто долниот дел ќе остане на место и нема да се спушта надолу.

Без грижа на совеста, пижамите преку ден можете да ги носите и како дневна облека, доколку одлучите дека е време за „пижама ден“. Таквите денови се наменети за опуштање и излежување, а удобните пижами уште повеќе ќе ви го подигнат расположението.

КАКО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ НАЈДОБРИТЕ ПИЖАМИ ЗА СЕБЕ? ПРАШАЈТЕ СЕ:

  • Сакате ли ногавиците да завршуваат со припиени патент-затворачи, или повеќе уживате во комотни ногавици?
  • Дали ластикот на струкот ве затега, или ви е лабав? Ако не се чувствувате совршено удобно, изберете помала или поголема големина.
  • Каков материјал посакувате? Ако добро се чувствувате во природни материјали, изберете пижама од памук или модал. А можеби вашиот избор ќе биде секси пижама од вискоза?
  • Каква должина на долниот и на горниот дел ви одговара? Кратки или долги ракави? Меѓу моделите можете да изберете и кратки и долги ногавици или некои други модерни должини.
  • Каква боја сакате да носите? Боите влијаат на расположението, а некои подобро ви прилегаат според тенот на вашата кожа?
  • Која големина да ја изберете? При купување преку интернет обратете внимание на својата големина, која можете да ја проверите на табелата за големини. Ако се пронајдете меѓу две големини, ви ја препорачуваме поголемата – така ќе си добиете доволно долги ракави и ногавици.

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.