#LiscaInspire – Anika: »Вистинска љубов е љубовта кон себеси.“

import-mk
16 декември 2021
Кога сме доволно совршени? Која е мерата за нашето совршенство? Аника ни се довери како гледала на тоа - и како се ослободила од порокот со нарушување на исхраната.

»Поминувам многу време на маса со молив во раката, опкруженa со купишта хартија, а сепак приказната што доаѓа од мене, а не од измислениот свет е тешко да се стави на хартија. Со споделување на моето искуство не само што пренесувам порака, туку и дел од себе, дел од моето срце, дел кој ја комплетира мојата сложувалка. Најтешко е да извадиш сé на површина откако подолг период си била со затнати уши и скриена зад ѕидовите.

Lisca Inspire Anika

Мајка ми секогаш ми велеше: „Животот е само еден“. До неодамна се самосожалував, самообвинував, собирав гнев... но животот е само еден, значи навистина не смеам да го „зафркнам“! Во животот паѓаш, губиш, понекогаш си и поразен... додека се бориш, трудиш, имаш соништа, се соочуваш со нив, ти живееш.

Lisca Inspire Anika

Среќата треба да се следи. Таа нека ни биде водилка, а љубовта нека ја прати. Доколку не живееш според ритамот на срцето, тоа продолжува да чука, а сепак телото полека го губи ритамот. Затоа сакај, биди сакана, сакај се себеси, сакај го светот, дозволи си да бидеш среќна, среќата ќе те пронајде сама, а имаме и убава изрека „После секој дожд - сонце сјае “. И тоа е вистина! За живот се потребни двајца.

Приказната која би сакала да ја споделам со вас е приказна за страв, неуспех, ниска самодоверба, девојка која гледа во Месечината и ги пропушта ѕвездите. Приказна со која увидов зошто сé тргна наопаку. Увидов што е вистинска љубов. Љубов кон самата себе. Приказна за долгата борба со своите мисли, тело, хоспитализации кои немаа крај. Ова е една од приказните на многу девојки кои поголемиот дел од тинејџерските денови ги поминале борејќи се со нарушувања во исхраната (анорексија, булимија).«

Lisca Inspire Anika

Аника во најкритичниот момент решила да се промени, да живее, да се сака себеси. Но не го заборавила искуството и од него црпи сила за во иднина.

»Секој пад е болен. Кога во него ќе погледнеш со очите на искуството, таа болка избледува, а сепак останува како предупредување никогаш да не се вратиш на тој пат. Сега го знаеш својот пат. Овој пат не оди само нагоре, полн е со подеми и падови, а сепак одиш само напред со крената глава.«

Lisca Inspire Anika

Затоа учеството во фотографирањето за неа беше уште еден чекор преку невидливата линија, уште еден чекор повеќе кон прифаќање на себеси.

»Денот на снимањето беше пресвртница за мене. Можам слободно да кажам отскочна даска. Да се зборува за својот меланхоличен период е многу тешко, бидејќи многумина размислуваат погрешно, сакајќи да ги исполнат стандардите на „идеалното“, проблемот го ставаат под тепих. Да добијам шанса да ја споделам мојата приказна со која ќе инспирирам, да помогнам за излез од таа црна дупка е многу повеќе отколку што можев да замислам, бидејќи во период на беспомошност и јас самата барав мотивација што ќе ме извлече од таа ситуација.

Народски кажано „Се исплашив како куче“. Камери, снимање, нови лица, нови искуства. Сé непознато. А сепак собрав сили, излегов од комфор зоната и си дозволив незаборавно искуство, искуство кое засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Беше сосема спротивно од очекуваното. Охрабрувачки зборови, поддршка, прифаќање. Охрабрувајќи ме токму онаква каква што сум - совршена; а и време е да застанам пред огледало и сама да го кажам тоа.«

#LiscaInspire
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.