Изборот на вистински градник е важен за твојата удобност во текот на целиот ден. Вистинскиот градник не нуди само поддршка туку и ќе се погрижи за правилно држење на телото, поубаво прилегање на облеката, а пред сé ќе ти даде самодоверба во секој момент.
Те интересира како можеш да ја одредиш вистинската големина на градник? Следи ги трите едноставни чекори и избери градник кој идеално ќе ти прилега.
1. Измери го обемот на градите
Кројачкото метро стави го преку грб во висина на грбното деколте, па преку градите во висина на брадавиците – до вдлабнатината помеѓу градите
2. Измери го обемот под градите
Кројачкото метро стави го под градите - постави го преку грб во висина на грбното деколте и напред под градите.
3. Калкулатор за големина
Измерените мерки внеси ги во калкулаторот кој автоматски ќе ја пресмета твојата големина на градник.