Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility

ВЕЧЕРНА ЗАБАВА ПОКРАЈ БАЗЕН

Лето, моменти, живот – токму тоа сум јас. Костим за капење што ми стои како да е правен за мене. Уживам во тие моменти. Мое лето – мој стил на живот.

  

 

Колекцијата Lisca Selection ја носи баш таа лесна, летна енергија – инспирирана од балансот меѓу имагинацијата и реалноста. Суптилна игра на светло и сенка, проѕирни детали и слоеви кои нежно паѓаат по телото и даваат елегантен изглед. Мистичните тиркизни, сребрени и ладни сини нијанси се мешаат со топли тонови на портокалова и розова, па целата приказна делува живо и енергично.

  

Колекција која зрачи со гламур и софистицираност – од утрински моменти покрај базен па сè до вечерни дружења на плажа, покрај базен, под ѕвездено небо. Материјалите се од рециклирана ткаенина, па покрај тоа што изгледаат убаво и одржливи се. Лесни кроеви, нежни детали и меки текстури – сè што ти треба за едно стилско лето.

 

 

  

   

  

Хармонија на ден и ноќ

Блескај во секој летен момент.

Летната облека носи елеганција, ама на еден лесен и ненаметлив начин – идеална е за да преминеш од дневен во вечерен изглед без многу мака. Секое парче е направено да ја истакне фигурата, а истовремено да ти биде удобно и слободно за носење. Нежните линии, внимателно осмисленото слоевито комбинирање, малите сјајни детали, сето ова дава чувство на леснотија, елеганција и модерен луксуз. Колекцијата вклучува лесни фустани, прозрачни маици и блузи, како и здолништа што лесно се комбинираат во текот на денот.

Преку ден се лесни и удобни, а навечер истите парчиња лесно добиваат поелегантен, вечерен изглед – со суптилно сјајни детали и материјали што убаво паѓаат и додаваат доза гламур за вечерните излегувања. Летниот изглед го носат во сосема нов свет, каде што играта со стилизирање нема граници. Тоа е покана да уживаш во секој момент, нијанса и игра на светлина. Колекцијата зрачи со личност, самодоверба и естетика што ја живееме само за себе.

  

 

  

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.