Црно-бели приказни на Лисца

Црно-бели приказни на Лисца
25 септември 2025

Секогаш кога пребаруваме низ архивите на Лисца, се воодушевуваме од црно-белите фотографии. Тие имаат нешто безвременско – елеганција која и денес привлекува погледи. Во модата ваквите фотографии отсекогаш имале посебен статус, одлично ги истакнуваат линиите и деталите и создаваат впечаток на уметничка совршеност. Затоа и денес често наоѓаат свое место во современите модни приказни.

 

 

Овој пат споделуваме избор на фотографии од 70-тите години. Во преден план се култните градници, најчесто во популарна бела боја, иако беа достапни и во повеќе бои. Секое парче го одразува богатото знаење во изработка на корсети и градници за обликување на телото – знаење кое и денес го користиме при креирање на нашите модели. Секој шев има своја функција и прецизно место.

 

 

Посебно карактеристични беа шевовите по средината на корпата и конусниот облик на градници. Имаше многу чипка, а повеќето парчиња ги красеа и панделки кои со текот на времето станаа  украсна икона на долната облека и сè уште се омилен детаљ.

Црно-белите фотографии не потсетуваат не само на естетиката на минатото, туку и на наследеното знаење кое сè уште живее во нашите колекции.

 

© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.