Да го живееш својот живот значи да се слушнеш себеси во бучавата од очекувањата наметнати од околината. Во последниве години, сфатив дека мојот пат е вистинската комбинација на планирање и предавање на спонтаноста што доаѓа со моментите кога ја пуштам контролата.
Порано ги броев успесите, бирав патиштата, ја барав среќата, но сега бројам поинаку. Бројам колку пати сум се слушала себеси, колку пати сум си простила и колку пати сум рекла не на работи кои ме натерале да изгубам дел од себе. Учам како да бидам тука, не совршена, туку само присутна. Повеќе не се работи за трка по совршенство, туку за чувство.