Кога ги разгледуваме архивите на Lisca, секогаш откриваме нешто интересно. Lisca не е (била) позната само по женските модели на долна облека и костими за капење. Веќе во 1969 година ја лансираше линијата на костими за капење. Особено интересни се старите фотографии на кои можеме да најдеме и машки костими за капење. Фотографиите од тоа време откриваат интересни кроеви, впечатливи бои и дезени кои убаво ја прикажуваат модата во тој период. Често машките модели позирале заедно со женските модели, создавајки живописни и динамични слики.
Во 2012 година Lisca направи чекор напред и ја претстави линијата машка долна облека Lisca Men – удобни гаќи, маици, а подоцна и пижами. Секако, во понудата останаа и машките костими за капење. Денес целата колекција сè уште се гордее со квалитет и удобност кои остануваат постојана вредност на брендот.
Интересно: машката долна облека сè уште често ја купуваат жени, но сè повеќе мажи ја препознаваат удобноста и квалитетот на моделите на Lisca и самите ја избираат.
Значи Lisca одамна не е наменета само за неа – туку и за него.











