Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility

Моден настан: Beyond Lingerie

Моден настан: Beyond Lingerie
2 октомври 2026

Lisca ја претстави својата нова loungewear колекција на посебен регионален настан, одржан на 30 септември, на кој присуствуваа познати инфлуенсерки, претставници на медиумите и други гости од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Во фокусот на настанот беа модата, личниот стил и различните начини на носење на колекцијата. Учесничките од регионот ги презентираа одделните парчиња на свој начин, покажувајќи дека истото парче, во комбинација со различен стајлинг, раскажува нова приказна. Цветните и леопардовите дезени, префинетите жакардни ткаенини од вискоза и опуштените силуети носат нова димензија во loungewear модата.

Границите меѓу облеката за спиење, дневните и вечерните комбинации сè повеќе се губат. Удобноста веќе не е резервирана само за дома, а модата не познава строги правила. Токму во тоа се крие магијата на новата колекција – во слободата на комбинирање, играта со стиловите и создавањето изгледи што ја одразуваат нашата индивидуалност.

Со новата loungewear приказна, Lisca го проширува својот моден свет надвор од традиционалната долна облека. Долната облека останува дел од модната основа, додека loungewear колекцијата отвора нови можности за комбинирање, слоевито облекување и изразување на личниот стил.

Едно парче, повеќе начини на носење. Твојот стил, твои правила.

Foto: NikaUranStudio

 

© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.