Хедонизам, љубов и бунтовништво

import-mk
23 јуни 2022

По неколку години пауза повторно се одржа моден настан во Порторож. На традиционалната средба на деловни партнери од повеќе од 20 земји во Гранд Хотел Бернардин, за првпат ги претставивме модните трендови кои ќе не воодушеват следната година. Разновидната колекција беше дизајнирана, под водство на креативниот директор Маја Ратајц и директорот за развој Јања Сеничар Тратар, модните дизајнери Мелита Летнар, Сузана Горишек, Маја Недиќ и Софија Урумовиќ. Иако настанот беше првенствено наменет за деловни партнери од странство, во првите редови забележавме и некои словенечки ВИП личности.

Какви модни трендови не очекуваат следните пролет и лето?

Колекцијата на костими за капење и овој пат е со освежен моден микс од цветни дезени, животински принт и еднобојни варијанти за плажа. Сепак, колекцијата на костими за капење Lisca за летото 2023 година е уникатна, смела и единствена. Не поттикнува да ѕирнеме во себе и да се осмелиме да го изразиме својот карактер на плажа - било да е тоа сирово див или хармонично прочистен.

Колекцијата на долна облека следното лето ќе не воодушеви со нежност и романтика. Се разбира, тоа нема да биде можно без префинетите детали - необично врзување, проѕирност или луксузен вез. Со разновиден избор на нови модни трендови како и оние удобни, докажани модели, по кои секогаш посегнуваме - но во нови варијанти кои внесуваат модна свежина и воспоставуваат рамнотежа помеѓу силните енергични бои и нежни пастелни нијанси .

Овогодинешната модна ревија не само што ни претстави сосема свежата колекција за пролет и лето 2023 година, туку и не поттикна да излеземе од својата рамка, да се слушаме себеси и да го промениме светот - па макар и само оној околу нас. Модата е наменета за сите градби, со помалку или повеќе облини, а доказ за тоа е изборот на девојки кои се прошетаа на модната писта.

 

© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.