Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility

Модно дружење со Lisca: од долна облека до стил

Модно дружење со Lisca: од долна облека до стил
6 октомври 2026

Во петокот, 2 октомври 2026 година, во Скопје се одржа модниот настан „Од долна облека до стил“, на кој Lisca ја претстави својата нова колекција на поинаков и инспиративен начин. Настанот понуди модни инспирации за долна облека и loungewear, како и интересни разговори со модни инфлуенсерки, кои преку својот личен стил покажаа како долната облека и loungewear можат да се вклопат во секојдневните модни комбинации и да станат нивен нераскинлив дел.

Во City Mall со посетителките се дружеа инфлуенсерките Ангела Ѓоргиева и Александра Шијакоска, додека во East Gate Mall беа Иларија Кирилов и Алмедина Исмајли. Со својот автентичен пристап, тие споделија идеи и инспирација за комбинирање на различни парчиња и креирање сопствен препознатлив стил.

Посетителките имаа можност да ги откријат новитетите од колекцијата на Lisca, да се дружат во пријатна атмосфера и да ги искористат специјалните поволности при купување.

Им благодариме на сите што беа дел од ова модно дружење!

 

© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.