Ние жените самите на себе сме си најголеми критичари

Ние жените самите на себе сме си најголеми критичари
30 март 2023

Во животот слушаме премногу „добронамерни“ совети што ги наметнува околината: како треба да изгледаме, како да се однесуваме, кој треба да ни биде пример…

А чие мислење е најважно ?
Секако, имаш право - ТВОЕТО!

Со тебе ги споделуваме размислувањата на Нивес Орешник, кои ги најдовме на нејзиниот профил. Ти препорачуваме да ги прочиташ - веруваме дека ќе се препознаеш на многу места во текстот.

„Месецот на жената завршува, а топлите денови ни носат пролетна атмосфера.

Ние жените сме чудни суштества, сами на себе можеме да си бидеме  најголема инспирација или „најголем критичар“. Како и да е, околината наметнува трендови и стандарди  кои треба да ги достигнеме - да бидеме „дотерани“, „убави“, „добри мајки“, „успешни“. Денес сакам да го споделам со вас мојот поглед на светот за  да ве охрабрам да излезете од магичниот круг:

 

Нема „грешки“, има само „разлики“ - различни мерки, различни форми, различни ставови.

Нема „грешки“, има само различни искуства и минато, како и вредности и карактери - се појавуваат првите брчки, порано или подоцна наоѓаме бели прамени, во некои периоди сме во нашето најдобро, а во други во нашето најлошо издание.

И нема „грешки“, има само различности кои се одраз на нашите вредности - трендовите за изгледот и идеалите за убавина се менуваат, а тоа што сме секогаш останува исто.

Aјде да бидеме жени кои се чекор понапред и да се осмелиме да бидеме задоволни и да се прифатиме такви какви што сме.

Kрајно време е да кажеме:

НЕ“ на сите трендови кои се во спротивност со нашето внатрешно битие,

НЕ“ за филтрите зад кои се криеме затоа што не се осмелуваме да бидеме тоа што сме,

и „НЕ“ за стравот од неприфаќање - не мора баш на сите  да им угодуваш.

Важни сме  ние самите и оние неколку луѓе кои вредат и стојат покрај нас, кои гледаат на светот со исти очи како нас“.

 

Текст и фотографии: @nivesoresnik


Нивес носи долна облека од пролетната колекција на Lisca - серијата Posh.

© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.