Секоја жена има своја приказна. Свои желби, свои предизвици и свој начин на кој го доживува светот. Но, нешто нè поврзува сите – желбата да се чувствуваме добро во својата кожа, да имаме самодоверба и секој ден да го живееме исполнето.
Октомври е повеќе од месец посветен на подигнување на свеста за ракот на дојката. Тој е потсетник дека сопственото здравје треба да ни биде на прво место. Да го слушаме своето тело, да ги запознаеме своите дојки и секој месец да одвоиме неколку минути за самопреглед. Мала навика што ни помага да ги забележиме промените и нè поттикнува навреме да побараме лекарска помош доколку забележиме нешто невообичаено.
Исто толку важно е да знаеме дека не сме сами. Да разговараме отворено за здравјето, да споделуваме знаења и да се потсетуваме една со друга колку сме драгоцени.
Затоа, те покануваме да одвоиш момент за себе, да ја осознаеш важноста на самопрегледот и да ги поттикнеш и жените околу тебе да се грижат за своето здравје.
Грижата за себе нека не биде навика само во октомври, туку секој месец во годината.
1. чекор
Застани пред огледало и убаво погледни ги градите за да се увериш дека на нив нема видливи промени – црвенило, отоци, вовлечена кожа или брадавици, исцедок од градата....
Потоа спој ги рацете над главата и повторно провери дали има некакви промени.


2. чекор
Подигни ја десната рака, левата дланка стави ја на десната града и со кружни движења на исправени и споени прсти опипај ја целата града почнувајќи од надворешната страна па сé до брадавицата.
Тоа најлесно ќе го направиш со насапунети гради под туш, бидејќи дланката лесно ќе лизга по кожата.


3. чекор
Наведни се напред и со десната рака подигни ја десната града.
Со нежни кружни движења на левата рака благо притискај ја градата.


4. чекор
Наведни се напред и спуштете ја левата рака.
Со споени прсти на десната рака опипај под левата пазува, потоа повторете го прегледот и со раширени прсти.
Целата постапка повторете ја и со другата града.


Со редовен самопреглед ќе го запознаеш сопственото тело и полесно ќе ги забележиш промените што претходно не си ги забележувала. Градите природно може да се разликуваат по големина и облик, па затоа е важно да знаеш како вообичаено изгледаат и какво е чувството при допир. Доколку забележиш нова или невообичаена промена, консултирај се со лекар.
И не заборавај: грижата за себе значи и да избереш градник со соодветна големина и крој, во кој ќе се чувствуваш удобно, самоуверено и опуштено.
ЗА СЕКОЈА ЖЕНА. И ВО НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ МОМЕНТИ.
Патот на секоја жена кон закрепнувањето е различен. Во Lisca сакаме да бидеме покрај тебе и во моментите кога ти е потребна дополнителна поддршка. Во нашата понуда ќе најдеш и специјално дизајнирани градници за носење по операција, кои ги земаат во предвид потребите на жените во периодот на закрепнување.
Доколку сакаш, можеме да сошиеме џеб за протеза на дојка во градник по твој избор. Те покануваме во една од продажните места на Lisca, каде што со задоволство ќе ти помогнеме да го пронајдеш вистинското решение.
Затоа што ти заслужуваш да се чувствуваш што е можно попријатно во своето тело – во секоја животна фаза.